Јас соработувам со многу ученици - основци и средношколци во КМТ на Народна Техника -Велес.Тие што ме знаат ме бараат,прашуваат за шеми,градат,бараат совети делови и сл. Многумина добиле помош од мене,а најновата креација е со еден млад електроничар од ОУ *Васил Главинов*,кој иако е 6-то одделение ,уште одсега ветува.Последната наша заедничка *креација * е ова 15 ватен појачувач ,изработен од делови кои ги* баравме по кутиите* и верувам дека многумина од вас ги имаат кај себе!! Појачувачот зачудувачки добро работи! Место 5532 може да ставите и друг ИК,а сепак звукот ке биде со прифатливо добри карактеристики. Малиот се вика Иван и еве заедно со Иван го поставуваме овој проект.