Ајде некој идеа, некој grundig TV, шасија CUC6310, нема вертикално отклонување, хоризонтална линија по сред екран, претходно имал смачкана слика (кога го донесоа кај мене веќе само линија имаше), претпоставка суви кондензатори, барав нешто заменив (немам ESR метар, го правев тој дигиталниот од Емитер, ама не работи).
на сликава подолу е даден дел од шемата за вертикално отклонување (драјвер за намотката), инаку намотката е исправна, не е краткоспоена негде 7-8оми отпор има, а според даташитот TDA8174 се користи за некој отпор 8-9оми (на сликата подолу).
Е сега на телевизоров изгледа му го имаат тоа коло менувано, отпорникот R412 (со квадратчето портокалово), кондензаторот C412, a претпоставувам дека и C413 е менуван.
Е сега, со старово TDA8174 отпорникот кој е во квадратчето од 4R7 ептем прегрева, дали би можело поради суви кондензатори да е оштетено TDA-та, без тој отпорник ништо не се менува, само хоризонтална линија