Го гледав и јас и некако ми е многу евтин за тие какрактеристики што се наведени на плочката. Пред да се одлучиш појди до Маквелд. Имаат поевтини инвертори од Електромашинен. Имаат голем објект во Инџиково да автопатот. Сервисот им е сериозен да знаеш. Инаку, инверторите генерално повеќе се расипуваат од трансформаторските. Имам пријател кој ги сервисира и има работа преку глава. Ако се решиш за трансформаторски, гледај интермитенцијата (работниот циклус) да не му е под 70-80 ампери на 60%. Иако препорачуваат послаб апарат за домашна употреба не ти препорачувам . Апаратот може долго време да не го употребуваш, но некогаш доаѓа ред 7-8 електроди една по друга да “свиткаш“. Со трансформаторски неможеш да заваруваш со базична. Но, со базична е тешко да работиш и со инвертор, таа е за про заварувачи. Остај ги демонстраторите по сајмовите, тие глумат просечни заварувачи а обично се 7-8 категорија заварувачи. Друго, трансформаторскиот е потпорен на аљкави (лоши) завраувачи и почетници. Секое “фаќање лак“ или лепење електрода за апаратот е стрес. Трасформаторот нема електроника и нема мака.