Author Topic: Може ли некој да ми објасни некои работи околу напонски и струјни генератори...  (Read 2060 times)

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Како што разбрав, кај швајцапаратот , намерно е слабее магнетниот флукс за да се ослаби "спрегата" помеѓу примарната и секундарната намотка, за да издржи голем пад на напон.

Тука (обоеното погоре) попрецизно би рекол: да се ограничи струјата на секундар да не продолжи да расти......

Имено, при каток спој не се зборува за напон.... туку обично се вели "струја на краток спој".

Друга работа која ме интересира е тоа од каде доаѓа фазното поместување? Исто, какао што знам ако имаме извор и потрошувач, измеѓу ако има индуктивен елемент, струјата ќе биде фазно поместена кај потрошувачот во донос на изворот.

Како што кажуваш, ако имаш во серија калем (индуктивитет) и отпорник (чиста активна не-реактивна отрпорност), настанува фазно поместување. Тука има една струја, која тече низ двата елементи. Но, има три напони. Целокупниот напон од крај-до-крај, напонот на калемот, и напонот на отпорникот.

Кога каживаш фазно поместување, така специфицирано/напишано на некој уред, се однесува на целокупниот напон во однос на струјата низ него. Тоа е така, бидејќи внатрешно во уредот, како да има елементи калем и отпорник во серија. Зборуваме за индуктивни потрошувачи.

Фазното поместување, доаѓа од тоа што калемот како индуктивитет има акумулирачки особини на енергија. За калем се вели можеш скоковито да го промениш напонот на неговите краеви, но струјата е теоретски не-прекината функција, неможе да се промени скоковито. Пример, ако течела одредена струја низ калемот во некоја насока а бил проклучен на некој напон и во тој момент има некоја енергија (бидејќи тече струја), и да го префрлиш скоковите на напон од 0V, неговата струја во моментот веднаш после времето на промена нема да се промени. Тоа е поради акумулираната енергија, ќе продолжи да тече струја, да му опаѓа акумулираната внатрешна енергија.

Трансформаторот, со својата изработка, претставуваат уствари две намотки, два индуктивитета, магнетно спрегнати меѓу себе. Ова за транформатор со еден примар и еден секундар.

Види еквивалентна шема за еден трансформатор.... и тоа идеализиран.
http://en.wikipedia.org/wiki/Transformer#Equivalent_circuit



Споено мислење: 01.11.2012, Thursday, 15:04:21
.... Потрошувачот во случајов е отпорник без индуктивни или капацитетивни товари.

Не те разбирам!? Во кој случај, кој е чист отпорник? При која шема? Како поврзано?

Штом си преку трансформатор, нема ништо чисто омско.....

Она што се пресликува како отпорност, пример од отпорник поврзан на секундар, во отпорност што се гледа на примар, тоа важи само така едноставно напишано со равенки за ефективни вредности за синусоидални сигнали.