Author Topic: Професионален извор на едносмерно напојување  (Read 3862 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова е лабораториски исправувач со сите добри карактеристики и пристојна цена.Иако е постара конструкција,многупати е проверен.Мислам дека е тука целата документација за него.

Trolko

  • Guest
Не би рекол дека е *професионален* а камо ли *лабараториски* извор.

Од гледна страна на дизајн :

1. Како што рече, да прилично многу стар дизајн на самата шема
2. Користи 741 операциски засилувачи кои што, покрај нивната голема слава во историјата на аналогниот дизајн и општо електрониката, имаат *МНОГУ* лоши карактеристики од модените операциски засилувачи (rail-to-rail offset voltage, ниво на шум, CMRR итн)
3. Струјниот регулатор (и целата *струјна* логика) е сместена после напонскиот стабилизатор, ова е многу лош дизајн.

Истотака авторот на овој склоп нема дадено никакви карактеристики за неговата работа (многу убаво навистина е објаснета изградбата и работата).

Поздрав :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да,се сложувам,ама еден ваков извор чини без трафо некаде 800-900 денари ( без кутија и механички делови)ДЕловите можат лесно да се најдат и ефтини се.Второ,знам два такви уреди кои се направени пред 15-18 години и работат сосема добро,дури и за некои поозбилни намени, досега само со неколку прегорени осигурувачи и сменети електролити.Не значи дека ако е постаро дека не е добро.Верувај ми. ;D

Тотално се сложувам батка со тебе, *проблемот* го гледам што ова е именувано како професионален и лабараториски извор за напојување, а не е ни блиску до тие два поими, не ме сфаќај погрешно :)

Поздрав

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нема проблем,тоа е насловот на статијата.Ако ја прочиташ статијата и го видиш времето кога е направен,тогаш се е јасно.Статијава ја најдов и бидејки е * добро ретро*,мислев дека можеби некој сака да ја види,бидејки е евтина конструкција и добро си врши работа со години.