Author Topic: Предлог за напојување со трафор од 48 или 17в  (Read 1802 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бојан ти кажа,ама ти не читаш изгледа : напон на трафо  х 1,41  = напон на излез

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Јас милам дека се множи корен од пи по напонот од трафото, али ако е друкше поправете ме. Па можеш да ги направиш со ЛЦД дисплеј волтметрите. Тие од Goce што се ;)

те поправам, се множи со корен од 2, што е приближно 1,414
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
јас можам да ти предложам да ставиш аналогни инструменти, тогаш нема да ги имаш тие компликации, сепак дигиталните се поубави
Hams do it! With Frequency

electron

  • Guest
Ако може уште една слика од трансформаторот, ама од другата страна, кај што е плочката, и плус ако може да ги фатиш и ножињата кај што се залемени жиците на секундарот од трансформаторот.

Според димензиите ми изгледа како трансформатор изваден од некој видео-рекордер или слично...
Познато ми е оти сум вадел неколку па според напоните на секундарот што ги наведе ми личи на нив.
Е сега, скоро секогаш високиот напон на секундарот тие трансформатори е со тенка жица, најчесто 0.3 милиметри, понекогаш и потенка па не може да се очекува којзнае колкава струја.
Од три такви трансформатори сум направил напојувања, но ги искористував 2х9 в.  или 2х12 в. намотките, оти тие беа со подебела жица, околу 1 милиметар. Значи од 2х9 добив (без средниот извод на намотката) 18 волти наизменична, и од 2х12 волти - 24 волти наизменична.

Мислам дека е подобро да се искористи секундарот со 2х9 волти ако е со подебела жица и ќе добиеш регулација од 0 до 20 волти еднонасочна и струја нешто помалку од 2 ампери, оти нема фајде да имаш голем напон за регулација од 50 волти, ако струјата е само 250 милиампери.
Така може да ти се случи да приклучиш некое исправно авто-радио на 12 волти, и кога ќе му ставиш звучници да ти крчи звукот, бидејќи нема доволно струја да му даде на радиото, па ќе си помислиш дека радиото е во дефект.

Ако 20 волти еднонасочна на регулираниот исправувач не ти се доволни, тогаш трансформаторот може да се растури и одново да се премота секундарот но само со подебела жица. Така мислам дека ќе добиеш најмногу 25 волти наизменична.
Сепак, за исправувач со напонска и струјна регулација како тој на шемата погоре е потребен посилен трансформатор што ќе може да даде поголем напон и поголема струја.

Offline igor_sk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Еве го трафото



Еве на оваа слика горе можеш да ги приметиш жиците од намотките ( овие се од 2х48 V ) , не се баш тенки а и останатите изводи се со слична дебелина , многу малку потенки од овие .


Offline igor_sk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Бојан ти кажа,ама ти не читаш изгледа : напон на трафо  х 1,41  = напон на излез

Прочитав но не сме се разбрале во ред е , фала на помошта !  :)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Да не го продаваш трафото ???

Offline igor_sk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Да не го продаваш трафото ???

Не ми е за продавање планирам да го употребам или за некој извор за напојување или за едно појачало кое ми е во план .

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Quote
За напојувањето сакам да го искористам овој трансворматор -
На излезите дава 2Х48 -  2Х17  и 2Х9 V

Сигурно е од ТВ апарат од оние транзисторски црно-бели последнитесерии. првиот напон е за хоризонталниот степен, другиот е за вертикалата и третиот зааудио и МФ степенот,
не е со напоните само треба да ги провериш и пресекот на жиците од секој излез.
секако може едно појачалце каде ќе биде раздвојено напојувањето за влезниот и излезниот дел, или да направиш три различни засилувачи за ниски средни и високи, со активна филтерска свртница на влезниот дел