Изгледа прекинувачот ги прекинувал и фазата и нулата. Ако можеш да видиш каде се влезните диоди што ги користи SMPS напојувањето за исправување на наизменичниот напон (можно е и голем грец да е, не мора да се диоди), земи со унимер на beeper подрачје поставен, измери дали има контакт од нив до пиновите од конекторот за напојувањето. Притоа тие четирите жици што одат од напојувањето кон прекинувачот да не се допираат една со друга. Ако нема контакт, можеш директно на тие пинови да донесеш напон
. Само не на било кои пинови, ако е грец, на пиновите за влез на наизменичен напон, ако се диоди, види кои водови одат кон напојувачките жици, на нив треба да доведеш наизменичен напон. Пази да не ги допреш оние четири жици, на дел од нив (две) најверојатно ќе има висок напон
.