Author Topic: DC- DC напојување за авто засилувач (12V-60V)  (Read 589 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Во атачмент има шеми и плочи за DC-DC напојување кое од 12V претвара на околу 60V
моќноста зависи од излезните трансформатори и од дебелината на жицата која се користи за излезното трафо, тоа е мал торус на кој на примар има 2х4 намотки, а на секундар има 2х14 намотки (проверете си шема за посигурно), со модифицирање на бројот на намотки се добиваат различни вредности на напонот кој се добива на излез :)
Контролата е изведена со SG3525 кое може да го извадите од некое старо компјутерско напојување, исто така и поголем дел од елементите можат да се искористат од некое старо напојување

Во атачмент дадени се 2 шеми, и изглед на плочите, како и распоред на елементите на плочата
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!