Не верувам дека ќе успееш да најдеш ваква шема директно, станува збор за DC to DC step-down конвертор. Најчесто се изведува како switching power supply (Pulse Width Modulation power supply).
А колкава моќност треба да издржи 12V-ниот излез на напојувањето (колку А/mA струја треба да даде на 12V-ниот излез)?
EDIT: ОК, имам идеја како може ова да се изведе. Моностабилен мултивибратор изведен со (на пример NE555) се подесува да осцилира на фреквенција од околу 10KHz, потоа тој сигнал се носи на базата на транзитор (општонаменски, на пример BC550) кој пак тригерува триак врзан за глеавниот вод (водот по кој се носи 100V-ниот напон). Потоа, тој сигнал се носи на примарната намотка на трансформатор кој трансформира 220V во 24V. На секундарната намотка ќе се добие напон од околу 11V, па се исправува напонот со грец и на крај се пегла. Ако може да се најде трансформатор кој дава на излез од секундарната намотка поголем напон, на пример 30V или повеќе, ќе може да се изведе колото да дава точно 12V и тоа со релативно мал брум
. За изборот на триакот, навистина не знам кој триак би можел да се искористи, не се разбирам од триаци (ниту пак имам користено). Ако може некој да помогне, би било добро
.
Мислам дека како идеја е добра. Што мислите?