Author Topic: Адаптер/ трансформатор 21Волт  (Read 1948 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Адаптер/ трансформатор 21Волт
« Opened on 30.04.2014, Wednesday, 20:28:46 »
Дечки, имам еден адаптер/полнач на батерија од бормашина.

Ама изгледа дека трафото во адаптерот е зафркнато, е сеа на капачето од адаптерот пишува 21Волт = 400 мА, а отварам внатре гледам напред на плочката каде што е залемено каблето пиши 12Волти.
Иначе батеријата е 18Волти.

Е сеа, за по веродостојно ке беше да мерев со апаратче, али пошто трансформаторот не функционира, значи не можам да мерам, е сеа, како да знам што трансформатор е?? дали е 12 или 21 или ???????

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Епа 18 волти направи си, тоа адаптерчето е за полнење на батеријата, можеш и со 12 волти да го полниш, само овеќе струја ќе треба и повеќе време, вака ако ставиш 18 волти таман ќе биде и тие 21 волт уствари кога ја приклучуваш батеријата таа прави пад на напонот и доаѓа одприлика до 18 волти, што значи за полнење на батеријата секое одговара, од 12 волти па нагоре, можеш да ја полниш и со полнач за акумулатор од кола :)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Значи сепак ке можи во кутивчето да ставам и од 12волти трансформатор?! пак ке си ја полни батеријата така !? ?! само подолго време?

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Да да, и стави некој појак ако ти се наоѓа до кај еден ампер, побрзо ќе се полни ако се 12 волти :)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Hahahaha
...можеш и со 12 волти да го полниш, само повеќе струја ќе треба и повеќе време....што значи за полнење на батеријата секое одговара, од 12 волти па нагоре...
Оваа болдованото навистина го мислиш за батерија од 18V! ;D
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Јас одамна имам мислење дека постовите кои предходно се напишани воопшто и не се читаат. Ако адаптерот бил 21V/400mA,не може реално со трафо од 12 V да ја полниш батеријата од 18V.Дури некој објасни дека поради падот на напон, треба напонот од полначот да биде нешто повисок од 18V. Читајте малку.

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
« Reply #6 on 01.05.2014, Thursday, 10:15:32 (Edited 01.05.2014, Thursday, 11:02:39) »
Значи можи да се стави и од 19/20волти трафо?!
Сепак ке можи да се полни и со универзален адаптер за лаптоп ?!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Би требало со 20V .

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Поставено прашање на неколку различни форуми, даден соодветен одговор, и повторно и упорно се оди дека батерија од 18в ке се полни со трансформатор од 12в...Интересен заклучок :)
Баш би сакал да видам како е тоа возможно...
 ;D
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Изедначување на напони на два извори се учи прва година по електротехника  ;D

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Јас сето тоа го знам, но сепак сакам да се консултирам, со некој што повеќе се занимава со тоа, и знам дека не е логички дека може да се полни со 12В батерија од 18В.
Е сеа, Сале, со универзален адаптер од лаптоп можеш да полниш разни батерии, универзалниот адаптер не полни со 12В туку со 15, 16, 19, 20 и тн.

Значи сепак ми беше прашањето КОЛКУ ВОЛТИ Е ТРАФОТО, НА ПЛАСТИЧНОТО КАПАЧЕ ПИШУВА 21В А НА МАЛАТА ЕЛЕКТРОНИКА ШТО СЕ НАОЃА ВО АДАПТЕРОТ ПИШУВА ДЕКА Е 12В А БАТЕРИЈАТА Е 18, ТОА МЕ ЗБУНИ А НА САМОТО ТРАФО НЕ ПИШУВА НИШТО. ЗНАМ ДЕКА БАТЕРИЈАТА КЕ ЈА ПОЛНАТ, И 18 И 19 И 20 И 24.
Но сепак ми беше потребна консултација, од која не добив еден салам човечки одговор.

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
« Reply #11 on 03.05.2014, Saturday, 15:10:43 (Edited 03.05.2014, Saturday, 15:16:07) »
Ова што го напишав дека се учи прва година по електротехника не се однесуваше на тебе него на тој што ти одговори дека ке се полни и со 12V, иначе како што ти пишува со 21V е најдобро да се полни, но поарно е некој ако има таков да го отвори и да мери пошто ако трансформаторо е 21V после исправувачкиот дел ќе се јави друг напон. Па така би требало по формула (U~ x 1.41) трансформаторот да биди негде 14-15V,но за мали напони не испаѓа така затоа што има загуби во грецо

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
МКД полека,за конкретен одговор треба и конкретна ситуација - едино прифатливо решение е да се работи за спој за дублирање на напонот.Но ,ти воопшто не помагаш,односно не покуша ни слика да ставиш,ниту да ја шемираш плочката.Значи,ако има  на влез трафо 12 V и две диоди - најверојатно спојот е за дуплирање на напонот ( на 24 V),а потоа со пад на напон да добиеш потребен напон ( веројатно со ограничувач на струјата!) кој ке ја полни батеријата. Пробај да ја сликаш плочката од двете страни!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
На крај Батка ја откри америка ;D
Убо пиша најверојатно напонот се удвојува па има некои 22-24в... Значи треба наизменичен напон од 12 в или еднонасочен од 22-24в

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: bicikle
... најверојатно напонот се удвојува .... треба наизменичен напон од 12 в
Како се удвојува ( дуплира, двојно зголемува).
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!