Author Topic: Претворувач на напон 12 на 24 V/5A  (Read 940 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Претворувач на напон 12 на 24 V/5A
« Opened on 26.02.2014, Wednesday, 20:42:10 (Edited 27.02.2014, Thursday, 00:37:06) »
За многу конструкции на појачувачи кои ке работат вo автомобилот прагот 12 V е многу низок за постигнување поголеми јачини. Барајќи шема за поедноставна конструкција на претворувач 12/24V наидов на ова шема која е едноставна,делови се наоѓаат и од АТХ напојувања,а освен една намотка нема други трансформатори ,мотања и премотувања на жици кои повеќемина ги одвраќа од градба на вакви уреди. Значи главното ИК е TL 494,BC 557, IRFZ44N,MBR 1045( брза диода),тороиден намот 22 mH ( намотката во + 12V линија на напојувањата),неколку електролити ,отпорници.Воглавном сите делови ги има во напојувањата  ;D Со комшијата го составивме на универзална плочка и од 12 V добивме мерено 24V.Е,сега тој собира делови за појачувач за вуфер ,кој ке биде транзисторски ,околу 30-40W,а веројатно истата конструкција ке се повтори уште два пати за две гранки L/R,а јас ке му дадам една стара плочка со  активна свртница и додаток за вуфер,па нека слуша музика. 8) Еве ја шемата,ако некому му затреба:


Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
на 10 ампери може да се направи истава шема? :D

паметна конструкција и мн едноставна :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Треба доста да се измени шемата и уште еден степен да се додаде.Сепак не знам како ке оди таа промена,не сум сигурен дека ке функционира,дури не се направи и измери.

Trolko

  • Guest
на 10 ампери може да се направи истава шема? :D

паметна конструкција и мн едноставна :)

Да фрлам на далеку ... би рекол да, треба да го смениш mosfet-от, да му направиш драјвер за него (charge pump можеби??) и да ја зголемиш излезната капацитивност :-)