Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: daniel spasovski on 01.09.2010, Wednesday, 01:09:32

Title: Филтрирање на напон ???
Post by: daniel spasovski on 01.09.2010, Wednesday, 01:09:32
 Бидејки сакам да изработам хибриден засилувач од 100 вати ке ми треба добро напојување  ;D
Но за да направам добро напојување ке ми треба помош од администраторите знам дека некој од нив највеке се бавеше со делот за напојување од појачалата...
Поточно ке ми треба една шема да постираат каде ке можам да филтрирам напон + - 30 волти и знам дека имаше мали кондензатори помеѓу изводите на грецот  ;D ;D ;D
Доколку некој знае за што зборувам нека постира некоја шема со тие мали кондензатори меѓу изводите на грецот  ;D ;D ;D и збор повеке за тоа  :D :D :D
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: deophorant on 01.09.2010, Wednesday, 01:29:39
Еве ти една шема која јас ја користам за филтрирање на напон за аудио засилувачи од висока класа, на која вредностите зависат од моќноста на засилувачот.

(http://www.pic.mk/thumbs/dsc00388.jpg) (http://www.pic.mk/?v=dsc00388.jpg)

За 100 ватна верзија ова се минималните вредности на кондензаторите (во зависност од класата на засилувачот), додека ги има и тие кондензатори на грецот кои сакаше да ги видиш.
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: daniel spasovski on 01.09.2010, Wednesday, 01:36:11
Фала  ;D ;D ;D  Ке пробам па ке ти кажам што сум направил :D :D :D
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: Bojan on 01.09.2010, Wednesday, 02:18:06
а тоа калемот што е, за одредена струја ли се пресметува тој или може да се користи и за помала вредност на струјата. На пример ако имам калем некој што сум го пресметал за 3А да го користам за 1А или така нешто...
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: GigaWatt on 01.09.2010, Wednesday, 14:25:25
Тоа е П филтер (Pi филтер). Дебелината на жицата со која го моташ зависи од струјата која планираш да протекува низ него. Значи не е лошо ако си го пресметал да биде за 3A да го користиш за 1A. И обратното важи, ако си пресметал дека низ него треба да тече струја од 3А, го правиш со дебелина на жица која може да издржи јачина на струја од 6A, јас барем така би направил ;) (секогаш земам преголеми сигурносни вредности ;D, на пример ако на rail некој треба да има напон од 12V, јас за филтрирање му ставам кондензатор со работен напон од барем 25V, а ако имам на располагање со поголем работен напон, му ставам и со поголем работен напон ;)).
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: batka on 01.09.2010, Wednesday, 14:53:28
Види вака, за тој појачувач најдобро е да ставиш во гранка два по 4700 мф и по еден од 0,1 мф блок на секој електролит + два отпорници од 1 Мом на + и - спрема маса.Овие 22 нФ на грецот се ставаат ако ги имаш за заштита од пробивање на ВН сметњи,ама не се неопходни.Битни ти се добар грец ( за што поголем напон и струја( по можност со ладилник на него) и добри електролити! Најчеста грешка е што се штеди на електролити.Ако имате шанса ставете што поголеми  ( и еднакви по вредност!) електролити во секоја гранка.Во појачувачи не практикувајте : еден од 4700,еден од 2200 и еден од 1000 мФ во гранка и тоа со различни напони (од 25 до 63В):Тоа е голема грешка!Практикувајте еднакви кондензатори(дури и од иста серија!!).Ако се има можност се ставаат два од 10.000 мФ и крај на приказната.Правилото е - за секој потрошен ампер по 2000 мФ!!! Не џабе рекле - ако сакаш добро
појачало стави му добар исправувач со барем 50% резерва на сила!!!
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: daniel spasovski on 01.09.2010, Wednesday, 15:07:57
Батка ако можеш да ја постираш таа шема ке биде добро  ;D ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: deophorant on 01.09.2010, Wednesday, 22:49:21
Филтери за оваа работа има еден куп комбинации, а секој си е приказна сама за себе. Ова понудено решение е едно од подобрите кое во некој дел е стандардизирано во HI-FI техниката. Секое исфрлање на елементи доведува до полоши резултати. Секако дека треба да се обрне посебно внимание на електролитите и на нивниот ESR. Токму и поради тоа се врзувани разлицни кондензатори со различни работни напони и капацитивности (всушност и за тоа се ставаат тие кондензатори од 100n). Секогаш од иста серија на кондензатори кондензаторите со најмала капацитивност имаат најмал ESR па и затоа за оспособување на насочувачот за брза и моќна реакција на секои фреквенции се ставаат различни електролити, и тоа не е непожелно во врвната класа туку напротив е многу пожелно. За тоа имаше и некои книги што се занимаваат со оваа проблематика со целокупни математички анализи на насочувачкиот дел и дури и пеглање на тие струјно фреквентни карактеристики со по 5-6 разни типови на елктролити во паралела. Секако дека за ниска класа не ти треба ништо друго освен паралелно електолити, со по 100n кондензатори, но ако збориме за висока класа и оваа шема е премногу проста (има и еми филтри на влез на трансформаторот, па и на излез, индуктивно спрегнати калеми за двата напони, варистори на граници на вклучување, и што ли уште не). И грецот си е прикаска сама за себе, но за тоа во некоја друга прилика, кога би имал повеќе време ке објаснам се окулу избор на грецот, се разбира ако има интерес.
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: batka on 03.09.2010, Friday, 17:10:03
Еве шема: паралелно со електролитите стави по еден блок од 0,1 мф и 1 М /0,5  вати отпорник итолку.

Споено мислење: 03.09.2010, Friday, 17:11:59
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: deophorant on 04.09.2010, Saturday, 00:06:05
Како што кажав има безброј комбинации на таа тема, а дел од тие комбинации во најниската класа се и твојте наведени решенија. Кој колку квалитет сака таков насочувач нека прави, но за засилувач од ниска класа кој вреди 200 денари не се исплати во филтерската секција да се портошат 2000 денари, а за засилувач од висока класа и те како се прават и уште посложени филтри и од тој што го наведов. Не дека нема да функционира моето или твото решение, и двете ке работат, но повторно наведувам класите се во прашање и квалитетот на напонот. Тоа многу лесно може да се види ако со осцилоскоп се гледа напојувањето а на засилувачот му се пушти сигнал правоагоолни импуси на 1KHz, 5KHz и 10KHz и многу лесно ке се забележат разликите. Сепак според тоа што беше побарано понудив едно посложено решение, но секој има право да направи тоа што сака.
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: batka on 04.09.2010, Saturday, 23:00:02
Абе сега, ако го направиш солидно појачувачот и го поставиш да работи некаде,добро е да ставиш најскап можен исправувач кој можеш да си го дозволиш.Соодносот секогаш е 3:1 = цена на исправувач: цена на појачувач!! Појачувач со обични 3055 - ки работи кај мене со години,пред се затоа што е добро подесен,заштитен и има квалитетен и предимензиониран трафо! А ,секојдневно добивам на сервис  разни 2.1 или 5.1 сараунди од врвни производители со трафа од 200 грама кои летово на 50 -тина степени свиреле и одсвирале!! Мислам дека мајсторството во изработката на појачувачите се состои во добриот мрежен степен,кој треба да издржи секакви малтретирања!

Споено мислење: [time]04 Септември 2010, 23:01:05[/time]
Еве кој бараше шема:
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: daniel spasovski on 09.09.2010, Thursday, 00:48:45
Имам слушано но не сум сигурен во една работа   ???
Во напојувачкиот дел ставам кондензатори со волтажа 35 волти и сега некој ми спомна дека сите кондензатори требало да бидат со иста волтажа  :-[
Сега незнам дали ке можам да ставам  и да искористам некои кондензатори кои се 50 волти некој ми вели дека ке имам слабеење  ??? ???
Помош  :-\ :-\ :-\
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: LordZi on 09.09.2010, Thursday, 08:55:20
Слободно можеш да ставиш кондензатори за 50V, нема да има никакво слабеење, само пази ако ставаш стари кондензатори да не се исушени, ако можеш измери им ESR.
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: deophorant on 09.09.2010, Thursday, 12:45:57
Слободно стави кондензатори од 50V, можеш и да имаш повеќе кондензатори со различни работни напони но не понизок од тој на кој ке бидат изложени. Патем од работниот напон на кондензаторите зависи типот на електролитот и неговата пермеабилност а пред се највеке зависна е изолацијата помегу фолиите. Подебелата изолација ке има поголема паралелна отпорност (EPR), и со тоа самопразнењејето на кондензаторот на помал работен напон има поголема временска константа. Тука игра улога и сериската индуктивност (ESI) на кондензаторот која во овој случај е помала и придонесува до побрза реакција на кондензаторот спрема потрошувачот, и поголеми ударни струи спрема изворот. Да не навлегуваме подлабоко, мислам дека ова е доволно. Моежеме и еден туторијал да отвориме за оваа работа но тоа кога ке имам повече слободно време. Сепак ако некој го интересира нека прашува.
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: batka on 09.09.2010, Thursday, 16:19:30
Не практикувам лично да ставам различити по напон електролити од една причина: со тек на времето најслабиот во кариката ке направи кикс во момент кога најмалку очекуваш! Проблем е во тоа што при оптоварување различито се полнат и ГРЕАТ различити кондензатори, дури и определени транзиенти и шумови потекнуваат токму од напојувањето (читај- електролитите).Ке го нагласам повторно моето мислење: за да имате добар појачувач направете најсолидно и најскапо напојување кое можете да си го дозволите за да не ве боли глава покасно и да не го платите тоа покасно со горење на транзистори,  нестабилност..
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: daniel spasovski on 18.09.2010, Saturday, 10:56:20
Е тоа да батка кај напојувањата нетреба да се штеди  ;D
Сакам квалитетен засилувач со стари делови неможе тоа така :D ;D
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: GigaWatt on 18.09.2010, Saturday, 16:19:07
Сакам квалитетен засилувач со стари делови неможе тоа така :D ;D

Може и тоа да се изведе, ама треба многу да пазиш во изборот на старите делови ;).
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: Jove on 27.09.2010, Monday, 12:18:26
и да имас све од мерна опрема ;D ;D
Title: Одг: Филтрирање на напон ???
Post by: GigaWatt on 27.09.2010, Monday, 12:53:33
Да, баш така ;).