Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 14.06.2010, Monday, 21:17:19
-
Дали некој ја правел оваа работа, дали ја употребил и дали има некоја шема да се изработи и дали деловите за изработка ги има во земјава и по која цена. Мене лично ми треба за засилувач за во кола ама незнам дали би се исплатило да го правам пошто мислам дека би коштал многу иако немам искуство со вакви конвертори. Некоја слика не е на одмет ;)
-
Пред некое време и јас бев загреан да правам такво нешто.Барав по нет најдов шеми кои како прво се доста сложени а како второ користат излезен степен од доста мокни и скапи транзистори.направив груба пресметка и после 2 дена отидов во застапникот за kenwood во Струмица и видов дека правењето на мокен засилувач за во кола е губење драгоцено време и многу пари.имаше модели на засилувачи од 4000 ден па нагоре во зависност од мокноста и колку канали се.Најевтиниот модел беше 2x100w или 350w во мостна врска со филтер за ниски тонови или целиот опсег...Па сега ти реши се дали ке правиш или ке си пазариш еден..јас би купил кога би имал 4000 ден вишок
Споено мислење: [time]14 Јуни 2010, 22:02:21[/time]
еве и шема:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1457.0;attach=566)
-
Би требало за брзо време да дизајнирам таков инвертор бидејќи ќе ми треба за еден проект, идеата е да се користат стандардни трансформатори што можат да се купат ама ќе видиме што ќе биде со проектот може и да не успее во крајна линија :(
-
да ви дадам идеа
иако мојата идеа е само за до 180V можеби ќе ви користи
се работи за нешто како прекинувачко напојување, со мали измени ( можеби ) ќе може да се постигне она вас што ви треба
шема
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/boost210.gif) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=139&u=12643128)
доколку на местото на калемот би се ставило неко трафо може да се добие поголема моќ, бидејќи вака ќе ви треба некое поголемо калемско тело :)
за да издржува повеќе струја
-
Идеата не е лоша но за да не правиш проблем на влезниот напон стави антипаралелна шотки диода на влезот и паралелно со мосфетот. Исто така вредностите на елементите ќе биде проблем да се нагодат за сето тоа да работи како што треба но може ќе успее. За поголеми снаги ќе мора да направиш драјвер за мосфетот.
-
конверторот не е скап за изработка и чини 500 + - денари ,внимание треба да се посвети на изработка на
трансформаторот и ппк . Ако излезниот засилувач трпи промени на напонот на напојување
може да се изостави регулацијата на напон на конверторот а со тоа и калемот за пеглање на излезниот напон а исто може да се намали вредноста на филтерските кондензатори . Ваков сличен имам изработено пред повеќе од две години се надевам дека сеуште свири во некоја кола :)
-
да ви дадам идеа
иако мојата идеа е само за до 180V можеби ќе ви користи
се работи за нешто како прекинувачко напојување, со мали измени ( можеби ) ќе може да се постигне она вас што ви треба
шема
(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/boost210.gif) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=139&u=12643128)
доколку на местото на калемот би се ставило неко трафо може да се добие поголема моќ, бидејќи вака ќе ви треба некое поголемо калемско тело :)
за да издржува повеќе струја
Го има некој направено ова коло?За брзо време ќе сакам да го направам степ ап конверторов,ама па проблем ми е таа диодата BYW95C... :)
-
Не кажа точно за колкав напон му треба степ ап конверторот, ама имаше во Емитер една шема го подига напонот од 12 на 24 V без трансформатор само калем и не беа скапи деловите.
-
Не кажа точно за колкав напон му треба степ ап конверторот, ама имаше во Емитер една шема го подига напонот од 12 на 24 V без трансформатор само калем и не беа скапи деловите.
а колку ампери дава
-
ааах...неверувам дека може да дава многу голема струја...ако дава голема струја ке ти скапе раката од мотање на калемот...дека за поголема струја да добиеш ке ти треба и поголем калем...
-
Не кажа точно за колкав напон му треба степ ап конверторот, ама имаше во Емитер една шема го подига напонот од 12 на 24 V без трансформатор само калем и не беа скапи деловите.
а колку ампери дава
Максимум до 5 А.
Споено мислење: 05.12.2010, Sunday, 21:28:21
ааах...неверувам дека може да дава многу голема струја...ако дава голема струја ке ти скапе раката од мотање на калемот...дека за поголема струја да добиеш ке ти треба и поголем калем...
Според фотографијата на готовиот уред, калемот е намотан на торусно јадро, не е нешто многу голем, а намотките се помалку со подебела жица (ради големата струја).
-
Oд кој емитер е шемата?
-
Oд кој емитер е шемата?
Од 1/2004. Еве ти и линк:
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2067
-
за да се користи за напојување на засилувач треба да биде симетрицен извор на напојување односно+/-12v.пред некој ден разгледував некоја сема за засилувач со тда2030 со излезни транзистори во мостна врска кое работеше баш на +/-12в.ако некој ја има семата нека ја испрати да видиме дали е изводливо да се направи и дали ке биде теоретски функционално
Споено мислење: 07.12.2010, Tuesday, 15:23:35
Aко некој го има тој број од емитер ке го замолам да го скенира тој проект и да ми го прати на е-mail.
-
јас за матура по пракса праев степ-ап конвертор од 12 батерија на 40в да вади на излез само калем зедов од школото оти калемот беше 2-3000 денари некаде, а другите елементи беја 200-300 мислам матурата е положив со 5ка ама калемот го вратив и плочката сега е некаде дома фрлена со тда беше нешто. Ако ја најдам ке сликам, сега и мене ми треба нешто вака за лаптоп да поврзам во колата инвертерите ми се скапи па барам нешто од 12 на 15 волти да крева и 5А ама неможам да најдам ако има некој такво несто нека кажи
-
И мене ми треба за шема за конвертор од 12в на 35 волти за снажно појачало за в кола. На 12в не можи да се добие јака моќност, па морам да го кревам напонот. Зато ми е потребен конвертор. Ако можи некоја предлог шема, по можност да биди со достапни елементи. Поз

Види прочитај нешто тука,оваа шема се вртка на нет мислам дека ја имаат доста изработено... http://sound.westhost.com/project89.htm