Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: bicikle on 31.07.2014, Thursday, 02:15:40

Title: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 31.07.2014, Thursday, 02:15:40
Како што пишав пред некој ден во постовите, на брата ми му рикна батеријата, да не има некој шема од електрониката? Моделот е asus A32-K55
Има еден транзистор прегорено, меѓутоа доволно е оштетен да не може д асе прочита што е -разцветан е
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: batka on 31.07.2014, Thursday, 02:23:08
Купи си нова батерија,не се замарај.Не се во прашање само еден-два транзистора имаш и друг проблем,а веројатно и самите елементи на батеријата се прегреани,
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: Z31GH on 31.07.2014, Thursday, 06:53:55
На твое место ич не се замарам, купи нова батерија. На мојот нетбук кога му рикна батеријата од алиекспрес купив нова за 25$ и тоа дупла, со 9 ќелии. Двоен капацитет-двојно време на користење. За вакви работи не се замарај, купи нова ;)
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: DrTubeR on 31.07.2014, Thursday, 08:57:41
Уште еден глас и совет за али експрес.
 ::)
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 31.07.2014, Thursday, 18:05:20
дур дојт од али експрес, да проба ако не е само ова транзисторче нема да го правам понатака. Инаку ќелиите се во ред, имаат напон 2-4в
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: batka on 01.08.2014, Friday, 15:32:35
Да знаеш само дека тоа не е транзистор ,ами некој регулатор и без шема  не менувај ништо *од памет-за проба* бидејќи можеш и полначот да го оштетиш!
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: bicikle on 10.08.2014, Sunday, 18:02:00
епа то ми беше муабетот, шема... на шема се гледат, или на карти можда некој ќе изгата што е хехех
Title: Одг: Ми треба помош за батерија од лаптоп
Post by: GigaWatt on 11.08.2014, Monday, 04:56:19
Често може да погодиш што е врз база на околните компоненти или како е врзан. На пример, ако е директно со еден од пиновите врзан за некое интегрирано коло, најверојатно е MOSFET. Ако со едниот од пиновите е врзан директно за некој од контактите со кои батеријата се врзува за лаптопот, а со некој од другите пинови е врзан за маса, најверојатно е некој регулатор. Потоа, со додатна анализа, може да дознаеш и за каков регулатор се работи. Ако е MOSFET во прашање, лесно е. Најверојатно е N-канален, иако ова не е правило. Понекогаш има и P-канални во напојувачките секции, но ретко. И ова се установува со додатна анализа. На пример, ако гејтот на MOSFET-от е врзан за некој биполарен транзистор, најверојатно станува збор за P-канален MOSFET. Транзисторот најчесто има функција на инвертор и го става MOSFET-от во проводна состојба кога е ON (во однос на сорсот, на гејтот ќе има негативен напон и MOSFET-от ќе биде ON). Ако е MOSFET-от N-канален, во принцип, може да искористиш било кој MOSFET од матична плоча. На крајот на краиштата, ако не си сигурен дали е N или P канален, секогаш може со проба да провериш. Стави еден P-канален па потоа еден N-канален, врзани преку жички, кај P-каналниот остави го дрејнот неврзан, а кај N-каналниот остави го сорсот неврзан. Врзи ја електрониката за батериите и некако врзи го сето тоа за лаптопот. Бидејќи батериите најверојатно не се целосно полни, ако е се останато во контролната електроника исправно, истата треба да почне да ги полни батериите (односно да проба да ги полни). Е сега, ако MOSFET-от е N-канален, бидејќи е сорсот неврзан, MOSFET-от најверојатно ќе биде OFF бидејќи гејтот ќе се поларизира, но сорсот виси, така да, нема во однос на што да се дефинира потенцијалот на гејтот. Во секој случај, ако на дрејот имаш потенцијал од, на пример, 17V во однос на маса, значи дека овој напон најверојатно се користи за полнење на сериски врзани батерии (келии). Можно е и да имаш потенцијал од околу 4.5V на дрејнот или некоја вредност блиска на оваа. Ова значи дека полначот ги полни секоја од батериите (келиите) засебно и дека не се полнат батериите сериски. Во секој случај, ситуацијата е чиста и под услов да не е изгорена уште некоја компонента од полначот, може да го приклучиш и сорсот и да видиш дали ќе почнат да се полнат батериите. Ако почнат да се полнат, веднаш исклучи ја компонентата и залеми ја. Плочката е истовремено и ладилно тело за овие компоненти, така да, не треба да се пушта предолго да работат без ладилно тело. Колку за тест проба, може, но не и континуирано. Во случајот на P-каналниот MOSFET, ситуацијата е прилично проста. Ако на дрејнот добиеш некој напон и ако не се разликува значително од тој на сорсот, значи дека на тоа место треба да стои P-канален MOSFET ;).

EDIT: Понекогаш во оние leaked шеми од лаптопите, знаат да ја стават и шемата за контролната електроника за полнење на батериите. Затоа, провери дали online има некоја leaked шема ;).