Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Tani on 15.05.2014, Thursday, 22:50:03

Title: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: Tani on 15.05.2014, Thursday, 22:50:03
Здраво на сите, нов сум на форумот не се разбирам многу од електроника пред некои денови косилката цркна. Го отворив и видов изгорени бакарни жици. Кај нас никој не се занимава со овие работи само со поголеми мотори со тенки жици. Барам некој мајстор да ми заврши работа, кој знае некој нека пишува број.

пс од прилика вака слично е моторот

(http://www.mediafire.com/convkey/7157/2tqrpcyslz8fzf2zg.jpg)
Title: Одг: помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: batka on 15.05.2014, Thursday, 22:58:01
Тани,вака слики не се ставаат на Форум! Прочитај ги правилата!! Сликата закачи ја на некој надворешен хост,па потоа само стави линк до неа.
Title: Одг: помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: Tani on 15.05.2014, Thursday, 23:03:58
поправено
Title: Одг: помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: LordZi on 15.05.2014, Thursday, 23:17:21
Не е поправено, туку полошо направено, си ја избришал сликата од темата ама таа уште стои кој знае каде на серверот и веќе не може да ја најдеме за да се избрише.
Правилата изгледа за украс постојат, и така никој не ги чита, не па да ги применува... ???

А за моторот, ако си од Скопје носи го кај Китан на винклерската уличка во К.Вода.
Title: Одг: помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: GigaWatt on 16.05.2014, Friday, 01:52:37
И јас би ти го препорачал истото што и LordZi. Мене Китан ми има мотано ротор од правосмукалка, немам замерки ;), како во однос на цена, така и во однос на квалитет ;).
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: bicikle on 16.05.2014, Friday, 07:19:01
Колку пори толку музика во превод :) Поентата е што китан анјверојатно ќе му земе приближно колку косилицата.. Не само кита скоро секоја винклер пошо косилициве дојдоја 50 евра... а за мотање 1000-1500. Напрај си есап.
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: GigaWatt on 16.05.2014, Friday, 16:13:36
Мене ми се исплатеше бидејќи за нов ротор за правосмукалката ми бараа 300 евра (не е баш било каква правосмукалка, Kirby е).
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: bicikle on 16.05.2014, Friday, 17:51:22
За решеткасти мотори(тие со четки) мислам во прилеп има мотачи, незнам за во скопје... ако пасира од друго нешто стај го него :)
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: KiloVolt on 16.05.2014, Friday, 20:30:59
Скоро секој мотор може да биде премотан, понекогаш тоа многу заштедува како што кажа Гига..
Quote
Мене ми се исплатеше бидејќи за нов ротор за правосмукалката ми бараа 300 евра (не е баш било каква правосмукалка, Kirby е).
Тоа се исплати многу, бидеќи за премотување, можат да ти земат најмногу 1000-2000 денари, а за нов мотор ќе платиш мноогу повеќе. Од каде си инаку?
Quote
За решеткасти мотори(тие со четки) мислам во прилеп има мотачи, незнам за во скопје...
Во Прилеп има, знам еден човек кој што ми продаваше од бакарната жица на кило за Теслиното трафо, а ако има во Прилеп, скоро сигурно има во Скопје... ;)
Quote
ако пасира од друго нешто стај го него
Едно е да пасува, а друго е да има ист или сличен индуктивитет, импенданса, па дали ист број на посебни калеми. едно од тоа да не се софпаѓа, и ризикува уништување на моторот, краток спој, или некои други работи....
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: GigaWatt on 17.05.2014, Saturday, 05:30:08
Од каде си инаку?

Од Скопје.
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: KiloVolt on 17.05.2014, Saturday, 15:02:30
За тебе Гига знам :D, само не се изразив добро, мислев Тани од каде е... ;D
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: Tani on 18.05.2014, Sunday, 22:45:47
Фала сите на инфо сега знам повеке од овие мотори и што е премотување (винглирање). Јас од Дебар сум овде ми побара 2500 ден за да го однесат во Cкопје што за мене многу ми беше затоа се обратив овде и најдов подобра цена 1500 ден. Фала уште еднаш  :)
Title: Одг: Помош за премотување на мотор од косилка за трева
Post by: Toma on 19.05.2014, Monday, 12:47:13
Quote from: Tani
премотување (винглирање).
Одомаќен израз за винглира(ње) е винклува(ње).