Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MKD-Boy on 30.04.2014, Wednesday, 20:28:46

Title: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: MKD-Boy on 30.04.2014, Wednesday, 20:28:46
Дечки, имам еден адаптер/полнач на батерија од бормашина.

Ама изгледа дека трафото во адаптерот е зафркнато, е сеа на капачето од адаптерот пишува 21Волт = 400 мА, а отварам внатре гледам напред на плочката каде што е залемено каблето пиши 12Волти.
Иначе батеријата е 18Волти.

Е сеа, за по веродостојно ке беше да мерев со апаратче, али пошто трансформаторот не функционира, значи не можам да мерам, е сеа, како да знам што трансформатор е?? дали е 12 или 21 или ???????
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Hahahaha on 30.04.2014, Wednesday, 20:41:35
Епа 18 волти направи си, тоа адаптерчето е за полнење на батеријата, можеш и со 12 волти да го полниш, само овеќе струја ќе треба и повеќе време, вака ако ставиш 18 волти таман ќе биде и тие 21 волт уствари кога ја приклучуваш батеријата таа прави пад на напонот и доаѓа одприлика до 18 волти, што значи за полнење на батеријата секое одговара, од 12 волти па нагоре, можеш да ја полниш и со полнач за акумулатор од кола :)
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: MKD-Boy on 30.04.2014, Wednesday, 20:46:21
Значи сепак ке можи во кутивчето да ставам и од 12волти трансформатор?! пак ке си ја полни батеријата така !? ?! само подолго време?
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Hahahaha on 30.04.2014, Wednesday, 21:34:27
Да да, и стави некој појак ако ти се наоѓа до кај еден ампер, побрзо ќе се полни ако се 12 волти :)
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Toma on 30.04.2014, Wednesday, 22:23:55
Quote from: Hahahaha
...можеш и со 12 волти да го полниш, само повеќе струја ќе треба и повеќе време....што значи за полнење на батеријата секое одговара, од 12 волти па нагоре...
Оваа болдованото навистина го мислиш за батерија од 18V! ;D
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: batka on 30.04.2014, Wednesday, 22:32:08
Јас одамна имам мислење дека постовите кои предходно се напишани воопшто и не се читаат. Ако адаптерот бил 21V/400mA,не може реално со трафо од 12 V да ја полниш батеријата од 18V.Дури некој објасни дека поради падот на напон, треба напонот од полначот да биде нешто повисок од 18V. Читајте малку.
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: MKD-Boy on 01.05.2014, Thursday, 10:15:32
Значи можи да се стави и од 19/20волти трафо?!
Сепак ке можи да се полни и со универзален адаптер за лаптоп ?!
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: batka on 01.05.2014, Thursday, 15:04:05
Би требало со 20V .
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: SaleSk on 02.05.2014, Friday, 23:37:48
Поставено прашање на неколку различни форуми, даден соодветен одговор, и повторно и упорно се оди дека батерија од 18в ке се полни со трансформатор од 12в...Интересен заклучок :)
Баш би сакал да видам како е тоа возможно...
 ;D
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Clear Sky on 03.05.2014, Saturday, 01:22:22
Изедначување на напони на два извори се учи прва година по електротехника  ;D
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: MKD-Boy on 03.05.2014, Saturday, 14:15:20
Јас сето тоа го знам, но сепак сакам да се консултирам, со некој што повеќе се занимава со тоа, и знам дека не е логички дека може да се полни со 12В батерија од 18В.
Е сеа, Сале, со универзален адаптер од лаптоп можеш да полниш разни батерии, универзалниот адаптер не полни со 12В туку со 15, 16, 19, 20 и тн.

Значи сепак ми беше прашањето КОЛКУ ВОЛТИ Е ТРАФОТО, НА ПЛАСТИЧНОТО КАПАЧЕ ПИШУВА 21В А НА МАЛАТА ЕЛЕКТРОНИКА ШТО СЕ НАОЃА ВО АДАПТЕРОТ ПИШУВА ДЕКА Е 12В А БАТЕРИЈАТА Е 18, ТОА МЕ ЗБУНИ А НА САМОТО ТРАФО НЕ ПИШУВА НИШТО. ЗНАМ ДЕКА БАТЕРИЈАТА КЕ ЈА ПОЛНАТ, И 18 И 19 И 20 И 24.
Но сепак ми беше потребна консултација, од која не добив еден салам човечки одговор.
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Clear Sky on 03.05.2014, Saturday, 15:10:43
Ова што го напишав дека се учи прва година по електротехника не се однесуваше на тебе него на тој што ти одговори дека ке се полни и со 12V, иначе како што ти пишува со 21V е најдобро да се полни, но поарно е некој ако има таков да го отвори и да мери пошто ако трансформаторо е 21V после исправувачкиот дел ќе се јави друг напон. Па така би требало по формула (U~ x 1.41) трансформаторот да биди негде 14-15V,но за мали напони не испаѓа така затоа што има загуби во грецо
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: batka on 03.05.2014, Saturday, 18:09:41
МКД полека,за конкретен одговор треба и конкретна ситуација - едино прифатливо решение е да се работи за спој за дублирање на напонот.Но ,ти воопшто не помагаш,односно не покуша ни слика да ставиш,ниту да ја шемираш плочката.Значи,ако има  на влез трафо 12 V и две диоди - најверојатно спојот е за дуплирање на напонот ( на 24 V),а потоа со пад на напон да добиеш потребен напон ( веројатно со ограничувач на струјата!) кој ке ја полни батеријата. Пробај да ја сликаш плочката од двете страни!
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: bicikle on 04.05.2014, Sunday, 22:13:01
На крај Батка ја откри америка ;D
Убо пиша најверојатно напонот се удвојува па има некои 22-24в... Значи треба наизменичен напон од 12 в или еднонасочен од 22-24в
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Toma on 05.05.2014, Monday, 00:07:53
Quote from: bicikle
... најверојатно напонот се удвојува .... треба наизменичен напон од 12 в
Како се удвојува ( дуплира, двојно зголемува).
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: nsu on 05.05.2014, Monday, 01:15:53
На крај Батка ја откри америка ;D
Убо пиша најверојатно напонот се удвојува па има некои 22-24в... Значи треба наизменичен напон од 12 в или еднонасочен од 22-24в
.Факт е дека со полни со напон поголем од напонот на батеријата.Тоа е нормално.Но мислам дека не се удвојува напонот.Еве сега во празен од измерив од полначот на мојот лаптоп тошиба дава 20 волти.На некои универзални сум измерил 21 волт но и на други адаптери за лаптоп имам мерено 19,9 волти скоро 20 волти на повеќето покажува.Тоа е стандард но може и да се остапува но стандардно е да со 20 волти се полни лап топ :D ;)
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Toma on 05.05.2014, Monday, 01:43:56
Под услов да имаме еден трансформатор со две независни  намотки во секундарната страна од 2 x 12V ( не земајки ги во предвид струјата и моќноста) тогаш според шемава можеме да добиеме 24V ако ги одстраниме елементите за 12V кои не ни се потребни, а при тоа ја лимитираме струјата на полнење со пропишаниот лимит на батеријата (акумулаторот)!
(http://obrazki.elektroda.net/72_1226174740.gif)
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: nsu on 05.05.2014, Monday, 01:52:34
Аха така е тој податок не го предвидов.Значи трафото е бифиларно мотано со среден извод во ред. ;D
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: Toma on 05.05.2014, Monday, 01:56:11
Каде го виде тој среден извод па нели напишав
Quote
две независни  намотки во секундарната страна од 2 x 12V
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: batka on 05.05.2014, Monday, 15:48:18
Напон може да се дуплира и ако трафото има само една намотка!
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: bicikle on 05.05.2014, Monday, 16:08:29
Полначите за лаптопи работат на смпс принцип, каде што ретко се удвојува напонот... Овај ако е со трафо од 12в најверојатно работи како што кажа батка. Грецот е полубранов, не е целобранов.
Сликава не е нешто нај, но би требало да го долови моментот и разликата
Code: [Select]
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/86/SwitcheableRectifier.jpg/300px-SwitcheableRectifier.jpgБидејќи има пад на напон низ полупроводниците треба некој волт повеќе за да добиеш 18в, внатре сигурно има регулатори кои го регулираат напонот.
Title: Одг: Адаптер/ трансформатор 21Волт
Post by: batka on 05.05.2014, Monday, 16:52:49
Напон може да се дуплира и ако трафото има само една намотка!