Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: bicikle on 03.02.2014, Monday, 21:52:42

Title: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 03.02.2014, Monday, 21:52:42
Полнач за лаптоп дава 19,7в, е сега сака да го сметна малце напонот, на 15в, дали мозе да ставам некаде потенциометар да се регулиса тоа?

(http://imageshack.com/a/img856/5333/zy6u.png)
Title: Одг: Ми треба помоу околу преправка на полнач за лаптоп.
Post by: batka on 03.02.2014, Monday, 22:03:33
Не ти препорачувам тоа да го правиш.Подобро направи додаток за регулација ( редукција)на напонот од 19 на 15V.Пред извесно време  имаше тема за редукција од 24 на 19V со 3х LM317T.
Направи ја неа и регулирај од 19 на 15 V.
Title: Одг: Ми треба помоу околу преправка на полнач за лаптоп.
Post by: bicikle on 03.02.2014, Monday, 22:06:47
зошто велиш да не менува напон директно? Работава е да дојде покомпактно...
Title: Одг: Ми треба помоу околу преправка на полнач за лаптоп.
Post by: batka on 03.02.2014, Monday, 22:11:56
Од искуство,секоја интервенција на самиот полнач * од око* и врзување на потенциометри без добро познавање на работата и можностите на овој вид исправувачи може да дојде до прегревање,  осцилирање и конечно брзо прегорување на овој вид полначи.Пробувале и пред тебе ама колку што знам вршеле озбилни преправки,а не само врзување на обичен потенциометар. Е,сега ако мислиш дека може пробај па кажи ни. 8)
Title: Одг: Ми треба помоу околу преправка на полнач за лаптоп.
Post by: bicikle on 03.02.2014, Monday, 22:18:25
Па затоа побарав мислење, нели ;D
Гледав на форумов има за атх преправки, баш со некој мост со некој потенциометар, реков да не може и овде така да се направи нешто..
Title: Одг: Ми треба помоу околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: GigaWatt on 25.02.2014, Tuesday, 00:38:46
Знам дека малку доцна пишувам, ама немав време претходно да ја изнализирам шемата.

Значи вака, има неколку приоди преку кои може да пробаш да го корегираш излезниот напон. Главниот switching контролер е LTA201P, а неофицијално, негова замена е TEA1552T ::). Колку е ова точно, не знам, ама според application шемата од datasheet-от на TEA1552T, не верувам дека му е директна замена на LTA201P. Значи, во принцип, ќе се водиме според datasheet-от на L6561 и TSM103.

L6561 е power factor corrector, што значи дека всушност мери колкава е потрошувачката на примарната страна и врши корекција на потрошувачката на моќност. Во принцип, има заштитна функција. TSM103 е dual Op-Amp со voltage reference, што значи дека он всушност го врши мерењето и корекцијата на напонот од примарната и секундарната страна. Тебе ти треба да го модифицираш колото околу оваа секција ;).

Е сега, што е проблемот. Овој полнач нема само една повратна врска, има две. Едната се користи за sensing и индиректна корекција на напонот од повратната намотка на примарната страна од flyback напојувањето, а другата се користи за директна корекција на switching фреквенцијата на LTA201P, со цел да се искорегира излезниот напон на секундарната страна. Се разбира, за второво, нагаѓам, без datasheet за LTA201P, не може прецизно да одредам :S.

Во колото има и два оптокаплери, PC300 и PC301. Првиот се користи за првата корекција, а вториот за втората корекција. Колото околу првиот оптокаплер (PC300) нема да го чепкаме бидејќи тој се користи за корекција на излезниот напон во случај влезниот напон да падне или се крене. Тоа не ни треба на нас, на нас ни треба нова референтна вредност за излезниот напон при исти услови на работа на влезот (примарот). Тоа всушност значи дека треба да го корегираме колото околу PC301, да го излажеме switching контролерот да мисли дека излезниот напон е ОК (дека има излезен напон од 19.7V, а всушност има излезен напон од 15V). Е сега, дали ќе може фреквенцијата на прекиување да падне до вредност доволна за да излезноиот напон биде 15V, не знам. Можно е ова да функционира само за многу мал дијапазон на промени (+-1, 2V)... треба да се проба и да се види ;).

Прва „цел на напад“ ни е R304 (обележан на сликата). Има вредност од 300Ohm-и. Место него, во серија постави реостат со вредност од 200Ohm-и и отпорник од 100Ohm-и. Пробај да видиш дали со намалување на вредноста на реостатот ќе почне да опаѓа напонот на излез. Ако опаѓа, види до која вредност паѓа. Со цел да не го изгориш полначот, не е лошо да одиш со мали промени на вредноста на реостатот. Пробај со промена во чекори од, на пример, 20Ohm-и. Уште подобро е ако можеш да најдеш повеќеобртен потенциометар, за попрецизна контрола. Исто така, ако имаш можност, во серија со реостатот и отпорникот од 200Ohm-и, врзи и амперметар, ама некој по осетлив и прецизен, да може релативно прецизно да мери вредности до 100mA. Струјата низ LED диодата не смее да надмние вредност од 50mA бидејќи ќе го изгориш оптокаплерот, а тоа може да доведе и до други кварови и проблеми, така да, подобро е да се избегне отколку да се ризикува. Ако забележиш дека јачината на струјата низ LED диодата од оптокаплерот се приближува кон горната граница (на пример, 40mA), а ти си постигнал многу мала корекција (на пример, -2V), батали го овој пристап, ќе пробаме на друг начин ;).

Значи, сега се сега, пробај го ова, ако ова не успее, ќе пробаме на друг начин, има и други приоди ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0774.jpg)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 25.02.2014, Tuesday, 01:54:20
се снајдов, али нека стои постот, ке се најде на некој друг ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: Otpor on 18.03.2014, Tuesday, 14:08:24
Ај ако сакаш пиши како се снајде,ако не е тајна  ;) Во серија 24 в сијалица можи, таман иди на 14,5 в ама му ја зема сета снага.
Кој ке прави полнач за акумулатори сега,ако има вакво решение ?  :)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 19.03.2014, Wednesday, 10:42:55
се снајдов со друг полнач  :D
Code: [Select]
http://www.diysmps.com/forums/showthread.php?236-Cheap-smps-base-on-TL494-pwm-half-bridge-AC-DCЕве едно смпс напојување, проверено, ако си мераклија на смпс. Секундарот(4н+4н) што е за -+15в мора да е исто намотан, тој другиот (11н+11н) моитај го како сакаш. Сепак мора да направиш струен регулатор за акумулатор. 
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: Otpor on 19.03.2014, Wednesday, 19:58:07
А бе мераклија шо да ти расправам  ;) Пак изгледа од кај комшијата ќе биде најлесно  ;D
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 19.03.2014, Wednesday, 20:10:21
хехе има едноставни полначи низ форумов со трафо и регулатор, може да направиш и 2-3 ампера, ќе ти брка работа, или наједноставно една диода и трафо од 10в 30-40w. Иако се препорачани поинакви типови на полначи сепак и фабричите (поефтините) се вакви. Во случај да постои интерес може да пишам некоја тема за акумулатори.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 19.03.2014, Wednesday, 20:17:59
А неможе сериски со излезот да се врзат неколку јаки диоди (силициумски), па поради нивниот сериски пад на напон да добиеш добил околу 15 волти? Ако имаат пад на напон од 0,7 волти, тогаш со 6 сериски би добил 15,5V, а со 7 сериски би добил 14,1V.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: Otpor on 19.03.2014, Wednesday, 20:32:13
Можи ама приклучени на полупразен акумулатор знаеш што ќе остани од нив,освен ако не се 20 и кусур ампери ?Пробано и со шотки диоди од комп.напојувања,и тоа на ладилник поставени,добри се за гретц

Споено мислење: 19.03.2014, Wednesday, 20:37:10
хехе има едноставни полначи низ форумов со трафо и регулатор, може да направиш и 2-3 ампера, ќе ти брка работа, или наједноставно една диода и трафо од 10в 30-40w. Иако се препорачани поинакви типови на полначи сепак и фабричите (поефтините) се вакви. Во случај да постои интерес може да пишам некоја тема за акумулатори.

Сето тоа во ред ама ти мене кажи ми како полупразен акумулатор кога ке повлечи на почеток скоро 8 А,тоа трафото да не е тро слабо ?
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: GigaWatt on 19.03.2014, Wednesday, 21:55:18
А неможе сериски со излезот да се врзат неколку јаки диоди (силициумски), па поради нивниот сериски пад на напон да добиеш добил околу 15 волти? Ако имаат пад на напон од 0,7 волти, тогаш со 6 сериски би добил 15,5V, а со 7 сериски би добил 14,1V.

Ако влечеш многу струја од полначот, ќе греат многу. Освен тоа, ова ти е добро решение за пад на напон од неколку волти каде што требаат две, три диоди, не и за поголем пад на напон. Ако една диода изгори, а притоа не се познава визуелно која е, треба да мериш. Освен тоа, моќните диоди се прилично скапи... според мене, непрактично. Поедноставно решение е да пробаш да го намалиш излезниот напон со шемата која ја имам предложено, но, како што пишав, ако тоа не успее, секогаш има други приоди ;).
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 09:51:38
Ако веќе се работи за полнач за акумулатор, ова веќе е претеризам... зошто да се вклучува сложена електроника кога може просто, еден трансформатор 50-100 вати кој на 15-16 волти би дал 4-5 ампери и еден 15-амперски грец после него. Вакво нешто работи во мојата фамилија успешно со децении, барем така ми кажале... Од кога се интересирав за вакви работи (од 6-7 години, тогаш пребарував низ гаража), знам за тој полнач и сеуште работи без проблем... ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 20.03.2014, Thursday, 10:23:11
со 15в ако го подзаборавиш ке го изгори акумулаторот. Инаку ако си е 2-3 ампери трафото, ако е дизајнирано д аработи во краток спој и 20А да влечи акумулаторот нема да изгори, или па може да ставиш сериски една сијалица 55W/12V при што максималната струја ќе биде 5 А.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 11:47:14
Па диодите ако имаат доволен пад на напон нема да го изгори. Тоа трафото на краток спој дава 15 ампери... Еднаш татко ми по грешка го врзал на акумулатор обратно, па испукале жиците,  замислете- грецот сеуште беше исправен! После тоа ме тераше да монтирам нови кабли...
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 20.03.2014, Thursday, 16:08:57
најверојатно жиците биле слаби :) сепак ја не биставил повече од 14в без дополнителна регулација.
Така може и трафото да прегори ако не е дизајнирано за кс.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 16:19:19
Абе го ставил обратно и напоно од акумулаторо + напоно од акумулаторо, протекла голема струја поради малиот отпор и жицата експлодирала. Немора слаба да биди за да пукни при краток спој со акумулатор, тој (ко шо знам) можи и до 100 ампери на краток спој да даде...  ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: nsu on 20.03.2014, Thursday, 16:25:00
Киловолт а од каде знаеш дека при краток спој акумулаторот дава 100 ампери ???
Quote
тој (ко шо знам) можи и до 100 ампери на краток спој да даде... 
Или од кај знаеше дека трафото дава 15 ампери при краток спој
Па диодите ако имаат доволен пад на напон нема да го изгори. Тоа трафото на краток спој дава 15 ампери... Еднаш татко ми по грешка го врзал на акумулатор обратно, па испукале жиците,  замислете- грецот сеуште беше исправен! После тоа ме тераше да монтирам нови кабли...
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: Otpor on 20.03.2014, Thursday, 17:31:39
Можи мерел  ;)По теорија а и по пракса струјата е максимална во точката на краткиот спој а напонот е 0  ;D
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 17:34:30
Само *бисери* од Киловолт . ;D
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 17:35:53

Киловолт а од каде знаеш дека при краток спој акумулаторот дава 100 ампери ???
Затоа ти пишав "ко шо знам", имам негде слушнато, незнам каде, дека при старт влечи 50-60-70 ампери, а на краток спој дава и до 100 ампери. Не ме земај за збор..

А за трафото, мерев при краток спој со мултиметар, излезе негде околу 15 ампери, а како што дознав од форумов во претходни дискусии, во тој случај напонот е 0V :D
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 17:42:37
А, до 100А??? ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 17:45:01
Незнам, може не 100А, можеби повеќе, можеби помалку, не сум скроз сигурен, поправете ме ако грешам, може не ме држи добро памтењево.. ;D
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 17:46:19
Па ако не знаеш не пишувај произволни работи  8)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 17:47:44
А колку може да даде? ???
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: nsu on 20.03.2014, Thursday, 17:48:51

Киловолт а од каде знаеш дека при краток спој акумулаторот дава 100 ампери ???
Затоа ти пишав "ко шо знам", имам негде слушнато, незнам каде, дека при старт влечи 50-60-70 ампери, а на краток спој дава и до 100 ампери. Не ме земај за збор..

А за трафото, мерев при краток спој со мултиметар, излезе негде околу 15 ампери, а како што дознав од форумов во претходни дискусии, во тој случај напонот е 0V :D
При каков старт 50 60 70 ампери.Нов акумулатор кога го ставаш во кола еве 55 амперчаса на пример нов акумулатор ставаш во југо 45 и алтернаторот на југо е 1000 вати напонот е 12 волти значи влече струја од 83,33 ампери.Но ова е кај југо кај дизелите алансерот влече струја и преку 120 ампери па и 150 ампери а да не збориме кај камиионите незнам кај си ја прочитал оваа информација има разни акумулатори на каков ти мислиш ;D.Некои акумулатори можат да издржат и да дадат струја до 500 ампера без проблем ама некои за воена техника.Така да при краток спој тече огромна струја ;D ;D ;D.Што ќе ти е да знаеш
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: KiloVolt on 20.03.2014, Thursday, 17:54:45
Изгледа се однесувало на некои послаби, постари варијанти на алансер, да не влегуваме многу оф топик ;)
Не би требало да е тоа до акумулаторот, тој само може да има капацитет и одреден напон, а струјата која може да ја даде врз единица време го одредува капацитетот, пример: акумулатор од 5Ah може при својот најголем напон да дава континуирана струја од 5 ампери во рок од 1 час пред да се испразни... Ако веќе вака дискутираме, да се вклучиме на чат, оваа тема да не ја насочуваме во друг правец... ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: GigaWatt on 20.03.2014, Thursday, 17:56:08
Одамна е темава отидена off-topic.

Ако имате нешто да пишете во врска со преправката на полначот, пишете, ако не, доста беа off-topic дискусии.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: nsu on 20.03.2014, Thursday, 18:00:30
Така така се извинувам Гигават само сакав да му потенцирам дека има разни акумулатори и тие норммално даваат разни струи не е се исто со пример сакав да му кажам.Примерот го земав за колата,Да види мислам ако случајно не знае само еден алансер колкава струја влече.Не може само така 100 ампери да се каже.Тоа сакав да го кажам.Има разни акумулатори и секако во колата најголем потрошувач е алансерот.Само пример сакав да дадам да искоментирам.Се извинувам што заминав во офф топик :-[ :-[.Простете :-[ :-[ :-[ :-[
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: bicikle on 20.03.2014, Thursday, 18:19:52
Затоа реков ако е некој заинтересиран за акумулатори на напишам нова тема, да не чкрапаме овде, башка им отворивме работа на админите. Патем сите оние кои ја читаат темава да не ги земаат здраво за готово сугестиите за акумулаторите (Извини друже Киловолт, ама некој ако го стави акумулаторот на 16в повеќе од 3 саати ќе го спржи, "overcharge" е друг третман на акумулаторот...)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: nsu on 20.03.2014, Thursday, 18:25:33
Токму така со 16 волти и повеќе саати ќе се преполни.И јас мислам исто како батка во врска со шемава.Овие лаптопски полначи лесно се расипуваат и не е препорачливо да ако сакаш напонот да го спуштиш на 15 волти да користиш потенциометар во влезот.Но што знам.Но јас така мислам bicikle слушни ги и другите мислења па види што ќе правиш со полначот одлучи се :D :D .И да не одиме веќе во оф топик со акумулатори и разни глупости дополнувања преполнувања.Само за полначот тоест за насловот да збориме.Да ги делиме нашите мислења ;)
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: Toma on 20.03.2014, Thursday, 19:51:23
Quote
Токму така со 16 волти и повеќе саати ќе се преполни
Пример ако на акумулатор од 45Ah при „празен“ (помал внатрешен отпор) акумулатор ја ограничиме струјата на 4.5A тогаш како при „надополнет“ (со поголем внатрешен отпор) ќе се преполни акумулаторот! Со полнењето се зголемува и внатрешниот отпор и се намалува струјата на полнење, така да пред „лимитерот“ на струјата, напонот ќе биде 16V а после него 14.2V.
Така да важно е да се лимитира максималната струја на полнење.
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: filipmkd on 20.03.2014, Thursday, 22:54:03

Киловолт а од каде знаеш дека при краток спој акумулаторот дава 100 ампери ???
Затоа ти пишав "ко шо знам", имам негде слушнато, незнам каде, дека при старт влечи 50-60-70 ампери, а на краток спој дава и до 100 ампери. Не ме земај за збор..

А за трафото, мерев при краток спој со мултиметар, излезе негде околу 15 ампери, а како што дознав од форумов во претходни дискусии, во тој случај напонот е 0V :D

Дај стави слика со каков мултиметар измери 15 а и како со краток спој дали во кофа падна струјата
Title: Одг: Ми треба помош околу преправка на полнач за лаптоп
Post by: GigaWatt on 21.03.2014, Friday, 02:30:32
Ало... да не заклучувам теми, прекинете со off-topic муабети. Ако уште некој пише off-topic во темава, ќе оди под клуч.