Ова е една оригинална шема која беше развиена за нишкиве ХСР 140 и 160.Се покажа добра иако не знам зошто не заживеа.Има комерцијални причини за тоа.Значи,со тримерите од 10 к се подесува прагот на заштита на секој канал посебно: најосетлив е за високотонците,а најнеосетлив за басовите.Работи на принцип на каснење на вклучување на звучниците на стартот, а ги штити од секаков вид транзиенти.Во принцип може са се штитат само среднотонецот и високотонецот,а басот да оставе ван заштита.Значи се подесува прагот за секој канал посебно во зависност од јачината на звукот кој сакаме да го слушаме.Прагот се одредува со вртење на тримерот на секој канал посебно.Релето е 24 волтно со три контакти по мин.5А.а заштитата се прави за секој канал посебно!
Може да се вгради и во звучната кутија,само се потребни два посебни исправувачи и приклучок за 220В за секоја кутија посебно!