Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: ivica.s on 05.10.2010, Tuesday, 23:22:18
-
Шемава ја имам направено, мe бендиса оти е едноставна и работи супер со мала дисторзија. Ќе ви треба било каков стерео потенциометар (не мора баш точно 10 кило оми). Сијалицата може да ја извадите од сијалички од за на елка. Интегралното може да биде LF351, TL071, TL081 и сл.
Со потенциометарот од 1 килоом, го подесувате степенот на засилување на интегралното коло, за најмал степен на дисторзија, оставете го во позиција на која само што започнуваат осцилациите.
(http://pic.mk/thumbs/sinegen.gif) (http://pic.mk/?v=sinegen.gif)
-
што дава на излез шемава за што може да се користе ?
-
на излез дава синусоиден сигнал, за тестирање на аудио уреди
-
Ваков осцилатор искрено прв пат гледам, не сум видел до сега...
-
и јас!!
-
Добро, изгледа дека по книги го нема, затоа ;).
-
а тие прекинувачите заедно одат!!Зборам за тие што се поврзани за кондензаторите и отпорниците!! :)
-
Не мора да ставаш прекинувачи, јас на пример ставив кондензатори од 10 нано и стерео потенциометрот беше 2х20 килооми, и со овие вредности се покрива најголемиот дел на аудио спектарот.
За уште поголем опсег може да се стави на пр. кондензатори од 4,7 нано и 2х50 килооми потенциометар, ама вака е тешко да се подеси фреквенцијата, оти со мало вртење на потенциометрот фреквенцијата се менува многу.
-
Шемава е многу стара ,од мое време :D Тогаш кога испадна велеа некој дека проблем е сијаличката 12в,ако не е погодена не работи уредот. Не сум ја пробал,а јас за проба на НФ уреди користам една многу едноставна шема со 2 транзистори кои даваат (по избор ,со преклопник)-басови,средни,високи.
Да ја најдам ке ја поставам.
Споено мислење: 06.10.2010, Wednesday, 17:14:41
Еве,ја најдов!!! ;D ;D ;D Овој осцилатор дава синус во три подрачја во зависност од преклопникот.Служи за брза проверка на сите степени на НФ уредите,свртници,дури и звучници. 8)
-
а може да се додаде и еден кондензатор од 22 пико фаради па да има 100кило херци??Мислам дека 100кило ќе има(по моја пресметка)!! ;) ::) ;D
-
Со вредностите во шемата (10 к потециометар и 1 нано кондензатори) навистина ќе оди до 150 килохерци.
Мислам дека имаше специјална формула за пресметување на фреквенцијата на ваков осцилатор
( не е класичната 1/2*пи* RC) ;)
-
Што ке ви се 150 килохерци? Се работи за НФ уреди.