Вонземјани го киднапираа вселенското летало на NASA и го користат за воспоставување на контакт со Земјата, тврдат експерите за вонземјани.
Hartwig Hausdorf, германски научник академик смета дека Војаџер 2 автоматски управуваното вселенско летало кое што се наоѓа во вселената од 1977 година, го киднапираа вонземјани и затоа испраќа збунувачки пораки на научниците.
Од неговото лансирање Војаџер 2 испраќа информации на Земјата, но од 22 април оваа година тие информации значително се променија.
NASA тврди дека промената е предизвикана од проблем со софтверот кој што управува со системот за летање, но Hausdorf има друго мислење бидејќи сите преостанати делови од леталото функционираат сосема нормално.
“Се чини дека некој го репрограмираше леталото или го киднапира за да не можеме да ја дознаеме вистината” – изјави Hausdorf за Билд.
Војаџер 2 со себе носи диск на кој што се наоѓаат поздравите на 55 јазика од светот во случај да наиде на вонземјански живот.
Доктор Edward Stone, научник кој што работи на проектот, вели дека дискот е совршена временска капсула чија што намера е да ги пренесе информациите од земјата, звуците и сликите од нашиот свет и сите други облици на живот кој што се наоѓаат на нашата планета.
извор:
http://vonzemjani.com/