Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Забава => Topic started by: DX-er on 20.02.2010, Saturday, 16:12:23

Title: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 20.02.2010, Saturday, 16:12:23
Еден наш колега се интересираше како да намали аудио сигнал.
Јас ви го претставувам намалувачот на сигнал ама овој пат наменет за RF сигнали

За таа цел тука е 2N3553 за кој русите би рекле ФУФЛО 100%

Сакате да зрачите со својот предавател на помала снага за да не ве фатат а не знаете како.
ЕЕЕЕЕЕ епа има финта за тоа

Еве го решението за вас

(http://pic.mk/images/fuflo100.jpg)
цената му е само 100 ден. или поточно од 90-130 ден.

Транзисторот може да се напокува до 28V, па така јас направив две проби од кој во првиот случај му внесов како побуда (приближно )150-200mW при напојување 13.8V во C класа и на излез добив приближно 70-100mW значи намалува, а кога го ставив на 24V тогаш даде онолку колку што му внесов а тоа е околу 150-200mW. Затоа ако ви треба намалувач на RF снагата ви го препорачувам 2N3553, јас имам фрлено упс потрошено де 500 денари за такви транзистори.

Е сега да речеме дека нешто сум поврзал погрешно, ама тогаш па како друг транзистори појачувале и тоа толку многу колку што е пропишано а овој намалува.

Напомена, овој транзистор може да намалува снага која не надминува 2,5W
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: BorceBT on 20.02.2010, Saturday, 19:31:39
Хахахаха :D
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: go4o on 29.03.2010, Monday, 17:05:04
хаха јас имам ваков
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 29.03.2010, Monday, 17:07:16
aуу и ти ли фрли пари за него?
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: go4o on 09.04.2010, Friday, 20:02:58
не фрлив го најдов  ;D ;D ;D
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: Aleks on 10.04.2010, Saturday, 22:48:01
... Транзистор што намалува ? ... Тенка работа. Овој транзистор има излезна моќност некаде околу 4 вати, така да предајникот што го имаш не е во ред.

+ Нема такво нешто како транзистор да „намали“ РФ снага. Тој ќе ја засили но до кое ниво тоа зависи од карактеристиките на транзисторот.

Ако мислеш дека сум грешка, види го неговиот даташит.
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 10.04.2010, Saturday, 22:56:59
... Транзистор што намалува ? ... Тенка работа. Овој транзистор има излезна моќност некаде околу 4 вати, така да предајникот што го имаш не е во ред.

+ Нема такво нешто како транзистор да „намали“ РФ снага. Тој ќе ја засили но до кое ниво тоа зависи од карактеристиките на транзисторот.

Ако мислеш дека сум грешка, види го неговиот даташит.

Aко предавателот не е во ред зошто тогаш со друг транзисор успева да засили ?
Имам слушнато и од друг човек "пофални" зборови за тој транзистор дека везе нема.

Во дата шитот и за BC547 пише дека може да засили до 600mW на VHF ама не 600, не 200 ама ич нема да засили.

Доколку имаш правено конкретни тестови со 2N3553 пиши... може моето појачало не одговара само за тој транзистор.
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: Aleks on 10.04.2010, Saturday, 23:00:31

Значи транзисторот ти е рикнат. Доколку транзисторот *намалува* немаше да има по интернет шемички за токи-вокија од по 4 вати со баш тој транзистор како излезен.
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: BorceBT on 10.04.2010, Saturday, 23:03:24
А лажен е транзисторот?
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 10.04.2010, Saturday, 23:04:13
ама да беше рикнат немаше воопшто да спроведува ако е при напон. Е сега за да биде лошото полошо јас имам купено 5 такви транзистори мислејки дека ке се офајдам ама сите се покажаа како исти иако дел беа од различна марка.
Види на интернет има сериозни шеми за предавател 500mW со BC547 или 550, и да видиш предавателот е со тримери, со 7805 на осцилатор и делува како супер ама ај да те видам BC547 или 550 нека засили на 500mW или нека е на 400mW.

Aleks види ја оваа шема http://elektronika-mk.net/index.php?topic=375.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=375.0)

П.С. После ке го спојам постот, сега нека биде посебен за да се забележи подобро

А лажен е транзисторот?
Е тоа не знам, ете го на слика (малце е изгребан ама од ладилникот)
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: Aleks on 10.04.2010, Saturday, 23:14:56
Aleks види ја оваа шема http://elektronika-mk.net/index.php?topic=375.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=375.0)

П.С. После ке го спојам постот, сега нека биде посебен за да се забележи подобро

лол.. . . .

Зборуваме за 2N3553 или BC547 !?!?!?!
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 10.04.2010, Saturday, 23:16:17
тоа беше дека има и други "јаки" транзистори. Како за пример ја дадов таа шема во која со BC549 се добива 500mW.
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: Aleks on 10.04.2010, Saturday, 23:17:46
тоа беше дека има и други "јаки" транзистори. Како за пример ја дадов таа шема во која со BC549 се добива 500mW.

Сори но пак ќе кажам ЛОЛ.

Зборуваме за тотално различни транзистори.

BC547 е general purpose транзистор, не е ни замислуван да работи како РФ засилувач.

Повторно, зборуваме за различни транзистори.

ПС: Со што марка на миливатметар ја мереше излезната снага ?
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 10.04.2010, Saturday, 23:19:19
ПС: Со што марка на миливатметар ја мереше излезната снага ?
Kе го прашам човекот кај кој мерев па ке ти кажам и марка и модел
Иначе тоа е Watt метар но мери и мали снаги како 50 или 100 mW  :)
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: batka on 12.08.2010, Thursday, 21:01:00
Оние од Истамбул му имаат на некој БЦ...или БФ...*шлакнато* натпис и ти го продаваат како 3553.
Имаше многу фрка порано кога одевме и те прашуваа што да пишат на транзисторот.Земаа руски
пластични транзистори и им ставаа дечиња со мал штембил ознаки како БЦ 547.....Го макнува на перниче,транзисторот во дрвено постоље(по 10 во ред ) и им става ознака.Исто беше и со БУ208...
Многу *манги* се изгореа :D
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 13.08.2010, Friday, 15:01:39
значи и овие 3553 се такви :( ?
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: batka on 13.08.2010, Friday, 15:03:18
Познавам такви.
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: DX-er on 13.08.2010, Friday, 15:10:15
а дали имаш видено и такви транзистори а да пише 2N3866, 2SC1970 и 2SC1971
Title: Одг: "чудо од транзистор"
Post by: dimce on 18.05.2013, Saturday, 23:04:37
... Транзистор што намалува ? ... Тенка работа. Овој транзистор има излезна моќност некаде околу 4 вати, така да предајникот што го имаш не е во ред.

+ Нема такво нешто како транзистор да „намали“ РФ снага. Тој ќе ја засили но до кое ниво тоа зависи од карактеристиките на транзисторот.

Ако мислеш дека сум грешка, види го неговиот даташит.
Се што останува од вој транзистор е само ШИТ хехехехех