Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Забава => Topic started by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 16:35:28
-
Нека ни е со среќа, ни го дигнаа лимитот на 51GB за најниската тарифа (500 денари).
Епа луѓе, утепајте се од симнување, хахахахахах :D :D :D.
-
Како што гледам сите ги пуштија торентите и не „кревам“ повеќе од 1 до 1.5Mb дење и ноќе :'(
-
Е тоа да, peer-to-peer одзема најмногу bandwidth, зашто не иде конекцијата преку сервер, tracker-от само ги координира seed-ерите и leech-ерите.
Ама добро, загарантирана брзина е 4Мbps downstream и 1Мbps upstream, што значи околу 400KBps downstream и 100KBps upstream, се што ќе добиеш плус во брзина (ако си на најниската тарифа) е „гратис“ ;).
-
Тоа ви мачкаат очи пошто ви ги скинаа дискавери каналите... ;)
-
+ кабелските телекабел и кејблтел немаат македонски превод
-
Искрено да ви кажам, ич не ми е гајле ако ми ги скинале Discovery каналите, не сум пуштил телевизор веќе 3 години сигурно, дур вие не ми спомнавте, не ни знаев дека ми скинале некои канали, хахахха :D :D :D.
За преводите исто така не ми е гајле, гледам филмови/серии исклучиво на PC, така да нема потреба да симнувам преводи (ако се на Англиски, се разбира). Ако е флмот/серијата на некој друг јазик, ќе симнам или Англиски или Српски/Хрватски/Босански превод, не се замарам ;).
Да можев да имам интернет без кабелска телевизија, одма ќе ставев, домашните кај мене и онака само нашите телевизии ги гледаат, јас не гледам ништо, ќе „шибнам“ една антена и чао пријатно ;).
-
браво за downloudot..се надевам дека и на Т-хоме ке му текне да го направи истото
-
Да можев да имам интернет без кабелска телевизија, одма ќе ставев, домашните кај мене и онака само нашите телевизии ги гледаат, јас не гледам ништо, ќе „шибнам“ една антена и чао пријатно ;).
Toa ке беше супер, немаше да се плаќа +340 (мислам 340 беше за ТВ)
Сепак ако некаде има подобар интернет за тие пари нека каже
-
Toa ке беше супер, немаше да се плаќа +340 (мислам 340 беше за ТВ)
Сепак ако некаде има подобар интернет за тие пари нека каже
Па тоа ми беше поентата, за 850 денари лимит од 51GB и брзина од 256kbps/128kbps после изминат лимит нема никаде да се најде во Македонија ;).
На Телекабел се доплаќа уште 350 денари за кабелската ако имаш интернет, ако немаш си плаќаш 450 денари само за кабелската. На CableTel си доплаќаш 450 денари без разлика дали имаш интернет или не ;). Ова чисто колку за информација ;).
-
Него добро е што отвори тема телекабел бидејки телекабел имаше порано и форум ама го затвори па сега барем да имаме каде да дискутираме за нив :)
-
браво за телекабел :)
со кејблтел, мака мачам, 950 денари за 15 гига :P
-
ај и тие ке накачат оти едни од други гледаат
-
ај и тие ке накачат оти едни од други гледаат
амин
-
15 GB со 10/10 Mbit za 590 ден месечно +350 ден кабловска од Инфел. Ако има нешто поарно нека
каже некој.
-
15 GB со 10/10 Mbit za 590 ден месечно +350 ден кабловска од Инфел. Ако има нешто поарно нека
каже некој.
:D :D :D :D :D
-
15 GB со 10/10 Mbit za 590 ден месечно +350 ден кабловска од Инфел. Ако има нешто поарно нека
каже некој.
Па за тоа сите праиме муабет, хахахахах :D :D :D... е сега, Телекабел немаат 10/10 конекција, имаат 4/1, ама ни CableTel не може да дигне 10/10 према сервер, или само према некои блиски сервери, може само peer-to-peer да дигне, така да, нема поента тоа што го брендираат 10/10 ;).
За мене барем е совршена комбинцијата на Телекабел, јас и онака уште на втори го поминувам лимитот, потоа цело време (до крај на месец) сум 256kbps/128kbps, така да јас сум навикнат на спори брзини, не ми е проблем, и онака само две машини делат net кај мене дома ;).
Еееееее, сега се жалиме, а да останеше монополот на Телеком, сега уште на dial-up или ISDN ќе бевме, хахахахаах :D :D :D.
-
a замисли да имаш 100mbps ама 1GB трансвер :D :D :D за минутка може да отиде... така да поважни се тие GB одколку mbps (брзината)
-
да али ако имас 100 гб со диал ап конекција никој пат нема да ги потрошиш така да треба да си има некоја средина :)
-
Нормално и брзината мора да биде задоволителна иначе џабе имаш интернет ако е толку спор да не можеш да го оствариш она што го сакаш, на пример слушање радио и гледање ТВ онлајн. Златната средина е некаде 4mbps со 50GB :) уствари 10mbps со неограничен интернет ама за тоа ке почекаме ;)
-
Elektronicari treba da se pobunite tuka, vo Svedska nema nikakvi ogranicuvanja pa se cudam za razgovorot sto go vodite, denes vo 2010 godina da ima ogranicuvanje toa e zlocin.Jas rabotam so najniskata 120 kb i sum mnogu zadovolen moite prijateli sto plakaat do 100mb se zalat ne dobivaat tolku se e izmama
-
И да се буниме, џабе ќе се буниме, никој нема ништо да смени, треба да да бидеме „поекстремни“ па да се надеваме дека нешто ќе се смени, како што беа определени луѓе поекстремни кога Телеком сакаше да им ги смени ADSL договорите од неограничен на ограничен (ова беше уште во 2003, 2004, така нешто).
-
Да тоа беше голема грешка на телеком, наместо да ги казни/ограничи безобразните корисници што нонстоп симињаа филмови/порничи/цели серии тие ставија лимит за сите.
-
Да да, Телеком не направи селекција, а искрено да ти кажам и не требаше да направи. Во договорите им пишуваше „неограничен интернет зо брзина таа и таа“. Јас што сакам ќе си симнувам, порнографија, програми, серии, тоа е моја работа. Не смее ако ми пишува во договорт едно, Телеком како сериозна фирма само да ми рече „епа сега, пу пу не важи веќе“. Додека не истече договрот ќе си важи, после, ако сакам да склучам нов договор, нека ми ги предочи новите правила.
Телеком се излажа многу со „неограничен“ калаузата во договорот, мислеше дека луѓето само ќе мирцаат и ќе сурфаат, убаво си вика старата народна, „прво рипни, па кажи оп“, а не обратното ;).
-
Леле дури сега ја гледам темава, баш мислев да си ставам интернет од друг оператор, ама кога видов дека лимитот е зголемен на 51 гига, си реков колку сака нека е бавен нетот сега ќе се скичмам од спуштање ;D
-
Не, не е нешто многу бавен (барем за наши стандарди), 4/1 е, што е супер според мене ;).