Имам една ТВ антена која има и далечинско и на далечинското има копче, ако стиснам антената се врти десно, ако стиснам пак ке се заврти лево. Потоа приметив дека сигналот кој искача од далечинското е трепери (највероватно е константен) па ми текна една идеа, дали може да се направи далечинска контрола на линеарно аудио појачало со IR далечинско?
Имено тој склоп би се поставил меѓу плеерот или компјутерот и засилувачот.
Мора да содржи некој микроконтролер кој ке го прима сигналот од IR диодата преку IR сензор а мора да има и DSC1669 кој ке го намалува и појачува тонот.
На пример ако IR сензорот прими сигнал, PIC-от треба да му даде команда на DSC1669 да засили онолку ms колку што се светела IR диодата. Втор пат ако IR сензорот добие сигнал, тоа значи PIC-от да му даде команда на DSC1669 да намали онолку ms колку што се светела IR диодата.
Значи PIC-от мора да ја памти последната позиција (дали намалил или покачил тон) за да нареден постапи обратно. Исто така при вклучување на колото во струја PIC-от мора даде на команда на DSC1669 за дифолт јачина на тонот, за да не треба секогаш да попуштаме од нула или пак да не биде прегласно. Што мислите за оваа идеа, јас мислам дека не е тешко да се изведе. Едино за HEX-от не знам дали би бил тежок за изработка.
Доколку сево ова успее во иднина може да се преработи целиот склоп со тоа што би се направило далечинско кое ке биде со NE555 и IR диодата ке генерира 2-3 различни сигнали како на пример намалување и појачување на тон и mute. Може и екстра ON/OFF.