Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 05.02.2011, Saturday, 04:48:29

Title: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: MarkoMK on 05.02.2011, Saturday, 04:48:29
Незнам точно дали вака би се викал уредот, ама сакам да направам уред кој во одредено време ќе вклучува и исклучува некој потрошувач. Значи конкретно, сакам да вклучува термо печка на ефтина струја, а да ја гаси на скапа. Ефтина е од 22.00 до 06.00 и од 13.00 до 16.00 недела цел ден другиот период е скапа.
Е сега тој уред мора да има некаков саат во него, (ќе треба да има и календар за да знае кога е недела, ама да не се усложнува дотолку..).
Имав идеја со часовникот со PIC што го има на форумов ама некако многу гломазно ќе биде со дисплеи итн.. Сакам ако има некаква шанса да се направи од некој ефтин ЛЦД саат, ама па не знам дали е можно да се земе некаков излез од него, исто така размислувам дали има некакво специјализирано коло за таа намена - нешто како real time clock?? Имате некаква идеја??
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: Devil on 05.02.2011, Saturday, 10:48:42
има такво коло DS1307, ова е сериско коло кое треба да го поврзиш на микроконтролер кој ќе ги чита податоците од него и ќе ги дава понатаму, може да ставиш некое LCD дисплејче и имаш дигитален прилично прецизен часовник, како ќе го изведиш тоа да на одредено време вклучува исклучува и јас незнам, ама мислам дека е изводливо треба да се побара на интернет ..
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: MarkoMK on 05.02.2011, Saturday, 11:34:56
има такво коло DS1307, ова е сериско коло кое треба да го поврзиш на микроконтролер кој ќе ги чита податоците од него и ќе ги дава понатаму, може да ставиш некое LCD дисплејче и имаш дигитален прилично прецизен часовник, како ќе го изведиш тоа да на одредено време вклучува исклучува и јас незнам, ама мислам дека е изводливо треба да се побара на интернет ..
Еј фала тоа ми требаше. А може ли да се купи тоа коло кај нас???
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: Devil on 05.02.2011, Saturday, 11:55:29
е тоа не знам не сум побарал
прашај можеби има такво нешто, само ќе ти треба напојување (батерија) 3.3V од оние компјутерските за на матични што се и кристалче од 37кХз мислам за правилно да раобти ама не е проблем тоа лесно се наоѓа
се конектира преку I2C протоколот
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: SKOLS_OLD on 05.02.2011, Saturday, 12:21:13
има на форумов саат,со термометар и тој RTC DS1307.Баш во тој има тоа РТЦ и кристал,кристалот не е од 37Кхз туку од 32,768КХз.Протоколот не е така едноставен да го поврзеш и да работи.Треба и програма да напишеш која што ќе комуницира со микроконтролерот(на пр.PIC16F628).Но тебе не ти треба РТЦ,тоа служи за ако снема главно напојување тогаш RTC-то си брои во себе.И кога ќе дојде главното напојување ќе продолжи да ги прикаже податоците кои ги броело во себе.Тоа се напојува од батеријата од 3 волти,како што кажа Девил.
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: MarkoMK on 05.02.2011, Saturday, 13:23:43

Па добро, не е неопходно, ама добро е и кога ќе нема струја да го чува времето. Претпоставувам дека кое било коло - часовник ја има таа опција - или може грешам ?
Title: Одг: Помош (идеја) за дигитален часовник со тајмер
Post by: SKOLS_OLD on 05.02.2011, Saturday, 13:26:45
не,сите што имаат РТЦ кола ја имаат таа функција.Ако го немаат часовниците ќе се ресетираат ако им го снема напонот.А еве ти нешто интересно се ЛЕД дисплеи.
Code: [Select]
http://jap.hu/electronic/timer1.html