Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 17.01.2016, Sunday, 17:39:13

Title: ФМ предавател со електронско подесување
Post by: batka on 17.01.2016, Sunday, 17:39:13
Од овие *буби* никогаш мир. 8) Секогаш се популарни,особено кај помладите електроничари кои се на распуст,па имаат време малку повеќе да се занимаваат со нив.Голем проблем кај овие конструкции е подесувањето на осцилаторот,односно калемот и тример кондензаторот.Затоа ова конструкција ја одбрав и неколкумина идни * електроничари* успешно ја направија,благодарение на измените во осцилаторот.Варикап диодите и повеќеобртниот потенциометар од 100К лин. ги извадивме од еден стар нишки ТВ тунер.Калемот се прави од 5 намотки лак бакарна жица со промер 0,8 мм, намотка до намотка.Со тримерот од 1К се бара средината на опсегот - околу 103-4 Мхз,а со 100К  фино се подесува опсегот во + или -.Фактор батерија 9В се однесува на стабилноста на фреквенцијата ,која треба од време на време да се подесува ,како батеријата се троши.Предавателот има домет 100-200 метри,а може да работи и на 5 В стабилизиран напон.Не препорачувам SMPS  напојувања кои вмесуваат брум.Пробајте во секој случај и со среќа.