ОК, врз база на ова што прочитав, изгледа мемориите се ECC, а матичната плоча изгледа не поддржува ECC мемории. Бидејќи пиша дека BIOS-от враќал „Supporting unregistered, non-ECC Dual Channel DDR 400/333/266/“, претпоставувам дека BIOS-от POST-увал, што значи дека ги препознава мемориите, се подига системот, но не сака да работи со нив. Според мене имаш едно од две решенија.
1) Тоа што ти пиша batka, да ги замениш мемориите за мемории без ECC или да ги продадеш, твој е изборот (искрено, не гледам причина зошто систем со P4 на него и DDR1 би му било потребно повеќе од 1GB меморија, најверојатно, никогаш нема да има потреба од повеќе од 1GB).
2) Да пробаш да го update-уваш BIOS-от и да се надеваш дека новиот BIOS има дефиниции како да чита ECC RAM мемории. Но, треба да те предупредам дека BIOS update е голем ризик, можно е матичната плоча никогаш повеќе да не се подигне ако се flash-ува BIOS-от со погрешна верзија или со BIOS од погрешен производител (иако новиве flash-ери ги препознаваат разликите и препознаваат дали тој BIOS е наменат за таа матична плоча или не, сепак, не е се баш „плукни залепи“).