модел: Hp pavilion dv5
Лапотот го има следниов проблем ,не се вклучува воопшто ,случајно додека пробував се вклучи 1 сек. и одма се исклучи и тоа ми се случи на два пати.
Пробано е следното :
Извадена е батеријата и пробано дирекно со полнач
Полначот работи и на лаптопот одстрана свети сигнализација кога ке го приклучам.
Го растурив го проверив женскиот џек од куќиштето кој не е залемен на матичната туку од него излегуваат жички и се приклучува на матичната,напоните ги има.
Тастерот за вклучување исто така работи.
Пробано е и со извадена матична плоча откачено се од неа освен процесорот и графиката.
На лап топот напред на маската кај што треба да свети диодата дека полни кога е вклучен полначот не свети.
Ја разгледав плочата и не приметив подуван кондензатор.
Во што би можело да биде проблемот ...