Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: MARK123 on 31.07.2014, Thursday, 01:04:18

Title: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 31.07.2014, Thursday, 01:04:18
Едно другарче ми продава принтер (горе наведениот) ,функционира добро но...има еден проблем со принтањето,се појавуваат некои линии и нешто како замрљано .Тоа повеќе доаѓа до израз ако испринтам некоја test page отколку нешто друго од pc...еве во прилог се сликите од тоа.
И уште нешто ,на дисплејчето ми излегува order cartrige ,less than 900 pages тоа значи дека тонерот му е при крај????
Би му го купил за одприлика 500ден,дали вреди и како би се средил проблемов со линииве во принтањето.
Поздрав

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/CAM00484.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/CAM00488.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/CAM00486.jpg)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 31.07.2014, Thursday, 02:20:48
Akо не е првиот тонер ( фабричкиот) треба да тера до 1500 страни.Фабричкиот ( првиот со печатарот!) тонер тера 600-700 страни.Проблемот може да биде ако е полнет тонерот (а гумениот брисач е оштетен,не е заменет или не е добро поставен па се растура црна прашина.Извади го тонерот и погледни го ваљакот ( оној зелениот обично!) и види дали има траги од тонет или линии на него.Замени го или дополни го тонерот.Не знам дали овој модел има чип на тонерот( во тој случај е поскап!).Земи отвори го печатарот извади тонер и со вата и 96% алкохол помони ги и исчисти сите места каде се одвива транспорт на хартијата ( ваљаци,прстени,гумици...)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z3nesto on 31.07.2014, Thursday, 20:30:15
Се согласувам со она што ти го пишал @batka меѓутоа пази фоторецепторот (зелениот ваљак, бубањот или уште како и да се нарекува) не смееш да го допираш со ништо што би можело да остави отпечаток на него или да го оштети, исто така  не смее да биде подолго време на светлина. Доколку чепкаш повеќе околу короната (бришачот)бубањот покриј го со нешто.
Уште нешто од искуство, после 3-4 полнења бубањот е веќе потрошен (ова е затоа што е предвиден за до кај 3-4000 принтања зависи од производителот), ти треба нов таков или нова касета. Ова е нешто што многу и од фирмите за полнење не го практикуваат а уште помалку им го кажуваат на клиентите, па после 7-8 полнења бараат да ја земат старата касета (тие ставаат нов бубањ и наоѓаат овца за стрижење) и да ти шитнат нова (која може да е средена на ист начин како таа што ќе ти ја земат).

И уште нешто фабричките предвидувања за траење на тонерот се пресемтуваат доколку страната е исполнета 5% со тонер, односно еден А4 со текст. Доколку имаш места кои што бараат повеќе тонер (пример слики) нормално е тонерот да трае по кратко

Споено мислење: 31.07.2014, Thursday, 20:31:31
Улогата на тој бришач е да нема тонер на ваљакот така да ако има тонер тогаш бришачот пушта некаде и треба да се замени
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: bicikle on 01.08.2014, Friday, 02:26:09
Би требало со нова оригинална касета да се отстранат проблемите, исто така кај ласетор има едно огледалце, тоа треба да е чисто. Ако е чисто не го чепкај, ако не е тогаш со овие крпиве микро фибер т.е. магични забриши го, тие гледаат понежни.
Ако сакаш да го репарираш стариот, има една касета каде штп се собира вишокот тонер, испразни ја.
Биди претпазлив, вдишување, голтање па дури и допир со тонерот може да предизвика здравствени проблеми како запушување на вени или рак, користи маска за дишење(филтер) макар од 5 денари и санитарни нараквици, оние за вц-а чистење.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Hahahaha on 01.08.2014, Friday, 02:44:31
После одреден број на полнења и магнетот сто е после магацинот со прашина и тој попушта не ја држи прашината и пушта повеќе одошто е потребно. Иначе за зелениот ваљак, можеш слободно да го допираш, ама на крај е потребно пред да го монтираш многу убаво да го истриеш со памучна крпа, или пак со чист памут. После тоа гајле нема ;)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z3nesto on 01.08.2014, Friday, 13:15:54
@Hahahaha незнам од каде тоа со бришењето на ваљакот, ама поминав 3 години со сервисери за секаков вид на принтери и она што пазеа без разлика дали е колор принтер од 20к евра или обичен принтер од 100 евра секогаш беа ваљаците. За профи принтерите за секој ваљак има и посебна црна кеса (од незнам каков материјал) за ако мра сервисер да го вади да не стои изложен на светлина.
Прочитај што е функцијата на тој ваљак зошто се вика фоторецептор и што ќе се случи ако е подолго време на светлина или барем малку (механички) се оштети -  се што има на него ќе се појави на принтот
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Hahahaha on 01.08.2014, Friday, 14:10:21
Тоа да се што ке остане на него ќе се принта на секој лист нареден, ама послушај, сум полнер 100 пари тонер до сега за мојот принтер, јас кога го вадам него го ставам на крпче и го допирам со прсти, еднаш без да го избришам со памучна крпа го вратив во касетата, на секој лист имаше мој отисоци, после тоа го извадив повторно и го пребришав со памучна крпа и чист памук од аптека и еве го уште си тера ни флека ни нисто не вади :)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 01.08.2014, Friday, 15:23:11
Ваљакот не е проблем да се избрише со крпа или дури и со вата и алкохол.Ако брисачот не функционира ,обично на краевите се познаваат црни подрачја на ваљакот преку кои се разнесува тонер на листот.По секој ремонт на тонерот пожелно е да се замени гумениот брисач ( или да се преовери и исчисти постоечкиот!) ,бидејќи најчесто од неговата не-функционалност се појавите на линии или полиња поцрнети на самиот лист.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Hahahaha on 01.08.2014, Friday, 16:21:57
Епа тој дел страда прв, кај мене сега после 3 пати полнење гледам се скинал бришакот, има еден кај што оди високот и уште еден има кај магнетот што е, барем кај мене е така, тој што е кај магнетот за да го проверите дали е ок, наполни го тонерот и почни да го тресеш да видиш дали ке испаѓа боја, зашто ако не провериш сега и кога ќе го ставиш во принтер почне да испаѓа прашина, можеш да си направиш големи проблеми :)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 02.08.2014, Saturday, 18:34:44
Ги читав вашите коментари,деновиве бев зафатен и немав многу време за да му обрнам внимание.
Денес случајно испринтав pdf фајл со некоја шема и текст во неколку копии и ги испринта супер без никакви линии на листот и слично,па на конструх хартија, дури направив и плочка за некое предпојачало (метода со пегла).
Е сега пробав да испринтам слика (некој wallpaper) чисто да видам како ќе ја извади ,но пак ги имаше линиите како на сликите во првиот пост на празните делови над и под сликата.
Не ми е јасно како може така? или има проблем или нема проблем :)

Поздрав
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z3nesto on 02.08.2014, Saturday, 19:46:33
Ај први провери во драјверот до која тежина може да принта принтерот.
Не верувам дека можеш потешка од 120 гр. Консруг или како да се вика мислам дека е над 250. Ако имаш линии и надвор од принт зоната може веќе ваљакот да е при крај или магнетната корона (линии набиени на растојание од 1-2mm).
 Имаше во некој од коментарите како да ја исчистиш.
Може ли да поставиш слика какви се линиите?
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 02.08.2014, Saturday, 20:45:04
Нема врска драјверот со црните линии.Ако е стоен принтерот подолго време,треба да пуштиш неколку листови за да се исчисти меанизмот ( воѓици,ваљаци,гумици) ако имало растурена прашина врз нив.Исто се случува и при транспорт.На сите им велам ако го транспортираат некаде печатаррот да го вадат тонерот посебно во кеса,за да не се растура прашина.Зачисти го малку со вата и алкоол(транспортот) и користи го со здравје,
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: LordZi on 02.08.2014, Saturday, 20:52:57
За 500ден. не знам што уште се мислиш, убаво ти вика Батка, зачисти го, пушти му cleaning page нека изврти неколку пати и терај... ;)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: KiloVolt on 02.08.2014, Saturday, 20:55:02
Дури и да не работи мислам дека вреди за 500! Ласерот и високонапонското генераторче веќе надминуваат 500 денари сами од себе... ;)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z3nesto on 02.08.2014, Saturday, 21:23:53
@batka драјверот има во однос на хартијата. Ако хартијата е над 120гр. преносот треба да е поспор. Ако потешка хартија (успее) да помине со драјвер наместен на 80гр, тонерот не е испечен и може да остане на ваљакот (што со наредно вртење пред принт треба брисачот да го исчисти) и може да се налепи на тефлонскиот ваљак во печката. Кај големите колор принтери ова останува на транспортната трака (што овој принтер ја нема).

Друго, кај ласерски принтер не би требало да има cleaning page. Самиот процес пред принт кога има круг пред принтерот да ја повлече хартијата е cleaning процес, во случај нешто да останало за бришачот.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Unforgiven on 02.08.2014, Saturday, 21:33:43
Незнам зошто се ствара толкава галама, мислам стварно.. 500ден??? да го однесеш во отпад ке земеш повеке.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 02.08.2014, Saturday, 22:55:11
@batka драјверот има во однос на хартијата. Ако хартијата е над 120гр. преносот треба да е поспор. Ако потешка хартија (успее) да помине со драјвер наместен на 80гр, тонерот не е испечен и може да остане на ваљакот (што со наредно вртење пред принт треба брисачот да го исчисти) и може да се налепи на тефлонскиот ваљак во печката. Кај големите колор принтери ова останува на транспортната трака (што овој принтер ја нема).

Друго, кај ласерски принтер не би требало да има cleaning page. Самиот процес пред принт кога има круг пред принтерот да ја повлече хартијата е cleaning процес, во случај нешто да останало за бришачот.

E,еее каде ти отиде.Не правиме овде тестирање и разглобување на печатари,вакви или такви.Јас не знам дали има некој 120 грамска хартија да става во ваков печатар??Убаво си пишува во упатството.Човекот кажа дека пуштил неколку листа и сега било добро.Веројатно транспортот имал малку прашина и сега е во ред.Темата нека остане на стенд бај или може и даа се затвори.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 03.08.2014, Sunday, 01:03:51
Не се работи за 500денари ,не се ни големи пари ,јас прашав бидејќи првпат се среќавам со овој тип на принтери и доколку неможе да се среди зошто ми е да ми прави гужва дома(физички и не е баш така мал) :) ,до сега сум користел ink jet и Hp и Epson разни модели и сум ги полнел и ресетирал ,одпушувал глави но ова е сосема друга технологија.
Еве какви се линиите,во прилог сликата.
Па ќе го отворам утре да зирнам што се има во него и да ги видам сите тие ваљаци и сл. па очекувам ваша помош доколку заглавам негде. :)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/CAM00510.jpg)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z3nesto on 03.08.2014, Sunday, 01:09:27
Според ширината ова е од фоторецепторот - зелениот ваљак. Можно е брисачот да пушта или „ножот“ (доколку не е гумен брисач) да е олабавен. Исчисти внимателно како што пишаа погоре.

Quote
E,еее каде ти отиде.Не правиме овде тестирање и разглобување на печатари,вакви или такви.Јас не знам дали има некој 120 грамска хартија да става во ваков печатар??Убаво си пишува во упатството.Човекот кажа дека пуштил неколку листа и сега било добро.Веројатно транспортот имал малку прашина и сега е во ред.Темата нека остане на стенд бај или може и даа се затвори.
Дечкото имаше пишано дека ставил кунзруг/кунсрух... пишав дека колку што знам тоа е веќе тешка хартија или по крута
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 03.08.2014, Sunday, 12:47:05
Не знам зошто треба да се допишуваме и докажуваме * црно-бело*!По стилот на пишување би требало  Z3nesto да биде еден бивш член со сменет ник,ама не е тоа ни важно. Да не се допишуваме дали е*кунзруг/кунсрух* или е * кунсдрук* кој го има и 60 /80/100 и 120 грамски,не е ни важно! Човекот си заврши работа,мислам, и едини совет е да си набави нов тонер .Рефил има за 700-800 денари,а оригинал е 1500-1600 денари.Со тоа дефинитивно ке заврши работа.Кунсдрук од 120 г не е предвидено да ставаш ,особено не во овој модел на НР !
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 03.08.2014, Sunday, 21:54:29
Оваа хартија беше 120 грамска и ја испринта без проблем... :)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 03.08.2014, Sunday, 22:31:36
Ako прочиташ подобро во упатството на овој модел.120 гр .кунсдрук не е предвиден.Само ке си направиш проблем и ке го расипеш механизмот за транспорт.Ти како сакаш/
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 04.08.2014, Monday, 00:38:51
Ја извадив касетата и го тргнав заштитниот поклопец над фоторецепторот и имаше некои флеки од тонер на него го избришав со сува тоалетна хартија и го вртев на запчаникот во полутемен простор меѓутоа цело време додека го вртев јавуваше флеки од тонер (можеби 6-7 круга го завртев).
Пробав да испринтам и се деси хаос на листот.

Quote from: Администрација
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

(http://www.mediafire.com/convkey/4f58/m778glxfdtyddh7zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/a52c/yymdqtfyyhyhih1zg.jpg)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 04.08.2014, Monday, 14:10:23
Купи си дефинитивно нов тонер,а не е лошо и механизмот да го поминеш со алкохол ( механизмот,а не тонерот! 8))
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 04.08.2014, Monday, 14:12:06
А од што се јави овој проблем?

Механизмот мислиш на сите места каде што проаѓа хартијата
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 04.08.2014, Monday, 16:52:36
Брисачот не ти работи ,па од резервоарчето се растура прашина! Купи си нов тонер (касета) ,ама не е лошо со вата и алкохол даго избришеш внатре гумениот ваљак,округлите гумици и другите делови каде мине хартијата.Потоа кога ке пуштиш листови со новиот тонер ке ти требаат 5-6 листови за да се изгуби црнилото.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: bicikle on 05.08.2014, Tuesday, 01:38:28
Прво тоа канистерчето кај што се збира вишокот тонер испразни го, не мора многу да го ганцаш само истури го вишокот тонер.. Потоа бриши што ќе бришиш...
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 11.08.2014, Monday, 13:26:37
Ја извадив касетата,ја растурив како на клипов,го испразнив вишокот тонер и се направив како што е покажано го исчистив фоторецепторот,брисачот и уште едно ваљаче.
Другиот дел од касетата не го дополнував туку го оставив со стариот тонер само што го исчистив магнетниот ваљак ,брисачот и се во нивна околина.

Cartridge Tutor - How To Refill Printer Cartridges (http://www.youtube.com/watch?v=pKA5d4MPPMA#ws)

Го пробав,и пак појавува нешто слично ,во прилог на сликите ама приметив разлика во однос на квалитетот на принтањето,црната боја е поизразита ,пробав да испринтам и слика изгледа ок во однос на квалитетот и резолуцијата но сеуште ги има овие флеки.
Ја извадив повторно касетата и го погледнав фоторецепторот беше чист за разлика од предходниот пат,го вртев во насока како што беше покажано на клипчето и не појавуваше флеки од тонер.
Може ли да е нешто друго во прашање ?

(http://www.mediafire.com/convkey/2996/7v53ww7cood0q4uzg.jpg)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: ShAdOw on 11.08.2014, Monday, 13:48:13
Не прикачувај слики на форум, веќе еднаш си опоменат, секоја наредна прикачена слика ќе ти ја бришам!

Имаш надворешен хост како tinypic (клик тука) (http://tinypic.com/), сликите прикачи ги таму па линкот во [img] тагови стави го тука на форум!

Quote from: Правила на овој форум
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: Z32AL on 11.08.2014, Monday, 14:01:23
Го пробав,и пак појавува нешто слично ,во прилог на сликите ама приметив разлика во однос на квалитетот на принтањето,црната боја е поизразита ,пробав да испринтам и слика изгледа ок во однос на квалитетот и резолуцијата но сеуште ги има овие флеки.
Ја извадив повторно касетата и го погледнав фоторецепторот беше чист за разлика од предходниот пат,го вртев во насока како што беше покажано на клипчето и не појавуваше флеки од тонер.
Може ли да е нешто друго во прашање ?

Толку музика за тие пари :-) Сакаш нешто асално ? Вложи 50е и купи нов принтер :-)
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 11.08.2014, Monday, 16:27:29
Да многу е лесно да ги дадам 50е и да си купам нов,што ќе прашувам по форум ќе губам време ќе се замарам нели? сите го знаеме тоа ,но доколку за било што тргнам со таа идеја каде би стигнал? како би научил и стекнал искуство плус ? така да не е се во тоа купи си нов барем според мене.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: GigaWatt on 11.08.2014, Monday, 17:43:48
А да го купиш принтеров и потоа да пробаш да го направиш? Ако е навистина 500 денари цената, се исплати. Дури и распиан ако е, се исплати. Ако не го направиш, барем нешто ќе научиш ;).
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 11.08.2014, Monday, 18:58:17
Па јас веќе го купив и се трудам да го направам ,не сум толку упатен и не сум работел со ваков вид на принтери и затоа се обратив на форумов,верувам дека има доста членови кои знаат и можат да ми помогнат.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: GigaWatt on 11.08.2014, Monday, 19:35:43
Епа тогаш ќе си отвориш нова тема бидејќи во оваа бараш нешто сосема друго. Совет/мислење околу купопродажба е сосема различно од сервисирање на печатачи.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 11.08.2014, Monday, 19:55:22
Да ама насловот мој не гласеше така ,модераторите го напишаа СОВЕТ а јас во првиот пост прашав дали вреди чисто онака успатно а главниот проблем е пишан од првата реченица, поставив и слики и се а околу тоа дали сум го купил,ќе го купам или не тоа е нешто сосема споредно и мање више битно .
И парите исто незнам зошто толку ви играат улога па цело време се спомнува нешто околу цената (смешна или не за кого како) а главниот проблем се занемарува ,на крај краева јас можев да си се правам на три ипол и да пишев дека е мој .
Па сега допрва после толку постови ќе менуваме теми па пак одпоново кој е проблемот итн.
Зошто ова не го пиша уште во почетокот ако веќе така треба ??? или изменете го насловот на пример:Проблем со печатач HP LaserJet 2420.
Мислам дека тоа е полесна варијанта одколку нова тема.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 12.08.2014, Tuesday, 00:27:38
Не знам зошто толку ја искомплицира работата - се чисти (разглоби го!) механизмот и се става нова касета!! Што тука не е јасно?!Ако механизмот  е раштиман и некоја гумица  е деформирана ( а ми се чини дека е токму тоа,бидејќи флеките циклично се повторуваат ,како што гледам на сликата) батали го купувањето бидејќи поправката ке те чини како нов печатар да си купил!
Мој совет - најди друг тонер ( макар позајми од некој што ги полни!) и пробај.Пушти десетина листа  да видиш дали ке се намали и евентуално ќе го  снема црнилото.Овакви дефекти настануваат токму поради користење несоодветна хартија или подобро речено - картон во печатарот.Во упатството на секој печатар пишува до која грамажа и кој тип хартија може да се употребува.
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: MARK123 on 21.08.2014, Thursday, 21:56:40
Ја сменив касетата и сега е добро.
Благодарам на сите за заложбите
Title: Одг: Совет околу купување на печатач HP LaserJet 2420
Post by: batka on 21.08.2014, Thursday, 22:12:05
Темата може и да се затвори 8)