Author Topic: Малку поинаков ФМ предавател  (Read 489 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Малку поинаков ФМ предавател
« Opened on 09.10.2010, Saturday, 20:03:04 »
Што е поинакво на шемата -  има 3-4 транзистори со врзани база-емитер,влезниот напон е стабилизиран на 5В ,а ставено е и феритно прстенче како пригушница.Исто е и на аудио влезот.Интересно е изведен излезот кон антена со два блока од 220пФ така што претпоставувам дека се работело со отворен дипол.Предавателот е користен со соодветниот излезен транзистор на далечина од скоро 500 м,врзан на компјутер (добра идеа).Затоа е и она силно оклопување,а верувам дека има нешто добро,затоа што мислеле на преемфазисот (иако многу *лито * го решиле!).Сепак по изгледот ,ефтин предавател со солидни карактеристики,лесно се преправа во стерео.Најдобра особина би му била стабилноста!!!!
Јас би искористил феритни прстени од комп.напојувања,со промер 1,5-2 см.Се мотаат бифиларно(заедно) две жици со пластична изолација (разни бои).Внимавајте на почетоците на намотките кои е пожелно да ги означите ,да не згрешите.Намотајте 5-6 намотки жица со дебелина 0,4-0,5 мм и фиксирајте ги намотките со течна пластика.