Author Topic: Mали ФМ предаватели  (Read 819 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Mали ФМ предаватели
« Opened on 23.01.2016, Saturday, 14:06:05 »
Ова полугодие бевме малку поактивни и младите електроничари самоиницијативно побараа да им одржам неколку предавања на тема - мали фм предаватели.Имавме три средби по 2 часа и после тоа секој од нив од приложените шеми си одбра и направи свој предавател.Меѓу најуспешните беа двајца другари (маалски) од кои едниот е од ОУ Блаже Конески,а другиот од ОУ Васил Главинов - Игор и Дарко.Тие направија по еден предавател со мала снага и ги конципираа да  се врзуваат на РС и да емитуваат воглавном музика * низ станот* 8) Двајцата ја користеа истата шема ,но секој додаде и свои дополнителни *мотиви* па двајцата се победници подеднакво.Покрај тоа еден од учесниците направи и една интересна шема - предавател напојуван со 1,5V  батерија и домет* од соба во соба* со најминимални делови.Ако некој сака да ги испроба шемиве ќе напоменам дека во првата шемакалемот е *стандарден* -5 намотки лак жица о,8 мм на тело 6 мм.,а за втората шема калемите имаат - поголемиот  5 намотки,а помалиот 4 намотки ,лак жица 0,5 мм на тело 3 мм ( на цевче од сок намотани).Тука фреквенцијата е менува со растегнување на намотките!Пробајте,шемите се проверени ! ;D