Инаку, еве слики од еден ТВ RF модулатор кој го имам извадено од нинтендо
. Овие RF модулатори често беа изведени и на самите плочки за напојување на нинтендата, па затоа и не даваа некој баш добар сигнал :S. По некоја случајност, во некое од нинтендата кои ги имав расклопено, имаше ваков оклопен модулатор
. На времето, го извадив и го преправав, ми требаше тогаш како конвертор за да можам да гледам A/V сигнал од графичка кратна на PC на еден стар телевизор
. Тогаш добро си ја вршеше работата, сигналот не беше баш сјаен, ама па не беше ни ептен лош
.
Како и да е, веќе долго време е надвор од употреба, го чувам за повремено тестирање на телевизори со „реален“ сигнал (иако, да бидам искрен, одамна не сум го употребил).