Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: LordZi on 22.04.2012, Sunday, 18:51:38
-
Шемата е од списанието Електор 2/2003, поразличен е од другите мерачи бидејќи има многу голем опсег на мерење - од 1pF па се до неколку фаради, јас го пробав скоро до 1 фарад, го измери без проблем. Иначе според шемата треба да се стави PIC16F84-20/P кој е за 20MHz, ама јас ставив обичен 16F84A и работи и со него без проблеми.
Текстот и хекса-фајлот се дадени во атачментот.
(https://s25.postimg.cc/9hy24fxin/PIC_0001-42.jpg) (https://postimages.org/)
Внатрешноста
(https://s25.postimg.cc/i07i8rolr/PIC_0003-35.jpg) (https://postimages.org/)
Неколку големи електролити врзани заедно со заеднички капацитет од скоро 0,9 фаради
Иначе сите електролити над 10.000uF четири пати ги полни и празни за да ги измери, така што требаше цел саат за пред да ја испише измерената вредност ;)
(https://s25.postimg.cc/nodszo0nz/PIC_0009-16.jpg) (https://postimages.org/)
-
Убаво,фина изработка,добра кутија и предна плоча - за пофалба,многу професионално колега!
-
браво браво браво одлично изгледа, и дали со него може да се мери дирекно од на плочка
-
Мислам дека не може, не сум пробал.
-
Добро сработено. А дали може да се вгради обичен дисплеј, 2 по 16 што се, тие HD4104 или така нешто беа ???
-
иии дали се лесно достапни елементите и од прилика колку те фати без трафото?
-
Најскапи се дисплејот околу 360ден. и пикот околу 200ден. другите делови се воглавно ефтини.
-
е ова е нешто невидено, одлично сработено и одличено изгледа. Ова е нешто како ESR metar, нели? или уште подобро?
-
Не, ова ја мери само вредноста на кондензаторот, без разлика колку е голем, ама не и ЕСР-то.
Иначе го испробав и на тие електролитите што ти ги пратив последни... ;)
-
Одлична изработка колега LordZi, како и секогаш :).
-
дисплејот е сакап само ако се купи кај нас, иначе воопшто не е скап, пикот е поскап од дисплејот (во нормални држави)
-
Секоја чест, одлично сработено + кутијата изгледа како фабричка за него :D
-
Браво за изработката, Браво за презентацијата. Супер кориснен мерач!
-
супер мерач на капацитивност
убаво мери со здравје да го користиш
и јас сакав да го направам ама немав време
сега ке го средиме!!!!!!!!!!!!
-
За фото постапка треба да се направи мирор така ли Лордзи или како што е ?
-
Не знам за фото-постапка дали се печати предлот во мирор или не, не сум работел со тоа, јас користам тонер трансфер постапка и за неа изгледот на плочката го испечатив во мирор. Во секој случај, пред да ја ставиш плочката на нагризување натписите треба да се читаат нормално.
Еве ти во прилог и ПДФ фајл само со нацртот за плочката што јас го користев, намали го зумот на 100% и испечати ја.
-
ЛордЗи, колку би ме фатило сето ова без трафо и кутија?
Да знам колку пари да собирам кога ќе му дојди редот...
-
Што знам, зависи од кај купуваш, од деловите најскапи се дисплејот и пикот, тие би фатиле до кај 500ден., другото е релативно ефтино...
-
Јас па мислев дека над 1500 ќе фати... Изгледа дека е одлична инвестиција, баш ми треба вакво нешто, ќе му дојди редот скоро изгледа... ;D
-
За тие пари е супер инструмент... ;)
-
Еве и една преносна верзија од овој мерач, напојување една 18650 од стар лаптоп со соодветен step-up конвертор-полнач... ;)
(https://i.postimg.cc/W488XgGH/WP-20200417-008.jpg) (https://postimages.org/)
-
Одлично :). Со здравје да си го користиш ;).
-
Фала, поубав да си направиш :).
-
Бoмбaстичнo скoцкaнo :D