Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: nickyyoh on 08.12.2011, Thursday, 10:50:51
-
Имам проблем со двд плеерот, несака да чита никакви цд/двд дискови.
Кога ќе го ставам цд/двд дискот ласерот свети подолго време, на дисплејот пишува LOAD, а моторчињата кои треба да го придвижат ласерот напред назад и моторчето кое го врти цд/двд дискот не ни помрднуваат, и по одредено време светење на ласерот на дисплејот се покажува NO DISK.
Извршив некои мерења на напонот на конекторот кој носи напон до тие моторчиња и ми покажува некаде околу 1V, нели за да работат моторчињата треба 5V?
Што може да е проблемот? ??? ???
-
Мислам дека е до ласерот треба да го штеловаш на него има еднен мал тример треба малце лево или десно да го свртиш и би требало да работи :)
-
мислам дека имам иста ваква исправна ZORAN ли е чипот на плочата?
-
Незнам кој е чипот, ќе видам и ќе ти кажам, све си работаше и наеднаш прекина да ги читат некои дискови и потоа ништо не читаше.. ???
Мислам дека е до ласерот треба да го штеловаш на него има еднен мал тример треба малце лево или десно да го свртиш и би требало да работи :)
Каде е тој тример? ::)

на флет кабелот го има тоа тримерче, пробај завртувај по малку и пробај цд па малку па пробај цд, мада не верувам дека нешто ќе биде од овоа
-
Можно е да изгорел драјверот за моторчињата. Ова ретко се случува, ама можно е. Ако можеш да најдеш сервисна шема, види кој е драјверот (чипот) или ако има излезни транзиториња по драјверот за да ги напојуваат моторите, извади ги и провери дали се исправни (би требало да бидат некои слаби NPN транзистори, можно е да имаат некои „чкљ“ ознаки, ама може да се заменат зо BC550, BC548 или некои слични ;)).
ПС: Морам да пофалам за насловот на темата, се е правилно напишано, NEO не е напишано на крилица или со мали букви, како и моделот. Епа дечки, да знаете, ова е добар наслов ;).

Ти благодарам за пофалбата. :)
Никаде неможам да најдам сервисна шема.. :S ???
-
Никаде неможам да најдам сервисна шема.. :S ???
Кинески се, затоа нема никаде сервисни шеми :S. Со зборовите на еден мој пријател, ќе мораш пешки ;D. Прати го сигналот преку flat кабелот и види кон кое коло оди ;). Наједноставно, ова се прави со унимер на beeper подрачје ;).
-
да го пратам сигналот од конекторов кој се поврзува на моторчињата ?
-
да го пратам сигналот од конекторов кој се поврзува на моторчињата ?
Да ;), и види до кои интегрирани кола доаѓа, па измери излезен напон од нив и види дали е ист со напонот кој ти го дава на конекторите ;).
-
хмм..на сите интегрални кола дава сигнал омски. да побарам даташит за колава па да барам излези :D
ЕДИТ:
Испитувајќи се изгорев на едно интегрално коло кое премногу беше загреано.
Во даташитот пишува 5 канален драјвер за мотор
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/125138/ETC1/AM5668.html
дали може ова да е проблемот?
-
Епа можно е тука да е проблемот, ако е обично Thru Hole коло, испитај му напон на напојување, дали е во границите на работниот напон од datasheet-от. Ако е напонот премал, извади го колото и види дали со тоа ќе рипне напонот. Ако рипне, значи дека колото е изгорено и му прави пад на напон на тој напон ;). Дури и да не е тој случајот, најверојатно е колото изгорено :S. Така да, провери дали може да се најде некаде да се купи, ако го има и ако е прифатлива цената, смени го ;).
-
најчесто е спиндл моторот тој страда највеќе тој кој го врти дискот мери колку ома е ако над 20 ома може да зафркава и види дали ласерот фрла бим -светлина дали фокусира ако фокусира помогни му на моторот заврти му го цд то малку види дали ке почне да чита.
-
Дали напоните од напојувачката секција се ОК,оние 5,12 волти???
-
Колеги, не пишувајте во тема стара две години :)
-
Не е до тоа дека е стара две години, има и постари теми, па позволуваме членови да пишуваат во нив. На пример, темите за DIY уредите никогаш не може да застарат ;). Ама во конкретниов случај, врз база на датумите на последните post-ови, проблемот или е решен одамна или воопшто не е решен и членот се откажал од иницијативата да го поправи уредот ;).