Македонски форум за електроника
Стручна литература => Документи => Topic started by: GigaWatt on 11.02.2020, Tuesday, 16:04:50
-
Добар плакат ;).
(http://www.mediafire.com/convkey/ca48/s1nxkx4up3lrzzrzg.jpg)
-
Плакат за во музеј.
-
Море има и модерни конектори :P :D. Мада стои USB 3.0 Future ;D.
-
Не само што стои Future го нема и конекторот, има само зелена коцка.
Има конектори кои сеуште се користат само во понови варијанти
-
Овој e-SATA за што се користи, имам ваков на една плоча?
-
External SATA/e-SATA се користи за приклучување на надворешен хард диск наместо USB, бидејки се побрзи од USB2.0. Сега ретко јаде се користат бидејки USB 3.x и Thunderbolt се побрзи од e-SATA.
-
External SATA... стандард кој никогаш не заживеа поради тоа што за некоја година се појави USB 3.0 кој беше до USB 2.0 backwards compatible.
Нема поента да го користиш. Едвај ќе најдеш кабел за него, а дури и ако најдеш, тешко дека ќе најдеш диск кој го поддржува стандардот (плус, мора да е 2.5" бидејќи само +5V има на портот, не и 12V, иако, барем колку што знам, според спецификации, би требало да има и +12V).
Ако сакаш да имаш hotplug SATA, стај си еден SATA кабел надвор од куќиштето и дефинирај го портот како hotplug под BIOS. На крајот, сите на кои им требаше eSATA како опција, така направивме :P :D.
-
Јасно, значи тотално неупотребливи се овие порти.
-
Да де, слично како и FireWire портите што едно време ги опнуваа на се што е мултимедијална опрема... еден краток временски период се користеше, потоа веќе не се користеше и тоа е тоа.