Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Технологии => Topic started by: batka on 01.07.2016, Friday, 00:23:39
-
Еве еден интересен линк,а темата е вечно неодговорена.Има ли некој друг и други сознанија??
http://www.free-energy-info.co.uk/Chapt7.html
-
Ова е уставри вид на детекторски радио приемник само не се слуша радио него се складира енергијата. Во секој случај мала е таа количина на енергија.. или грешам ???
-
Па и детекторскиот приемник користи енергија од воздухот.Ако разгледаш принципот е тој ,ама има доста примери,па можеби треба да се проба .За почеток... 8)
-
Де факто термичкиот шум е меуморлив извор на емергија, но е мнооогу мал. Исто така и космичкото зрачење и малце појак извор на енергија, кој постојано слабее. Овде на планетава сме ограничени со простор, но надвор од неа има практично неограничен простор. Замислете да има нелоја антена која се протега до месечината и од неа би добиле значителма енергија. Друг извој на кој му пстанаа уште околу 5 миликарди години е сонцето. кога би му се доближиле и кофа би окупирале само 10% од светлината емитирана на површината на сонцето би имале на претек струја и енергија. Уште еден не пресушен и недостапен извор на енергија се црните дупки и неуринската маса т..е звездема прашина која што кога ви наполниле една супена лажица би тежела повеќе од нашиоѕ соларен систем, па од равенката e= mc^2 би добиле исто така многу емергија, ало сепак овие извори се далеку недостапни за нас.
-
Дали некој го пробал во пракса овој начин на добивање бесплатна енергија од воздухот ?
-
Гарантирано ќе добиеш мала енергија, али е добра основа за понатамошни истражувања... Како што кажа батка темата е вечно не одговорена пошто уште е во почетна фаза...
-
Дали може да се добие доволно енергија за да "зажари" мала LED ?
-
не сум го правел али би требало да светне барем во градска средина. Кажи ако го правиш.
-
Може да светне мала ЛЕД диода ако го поврзеш на joule thief :)
-
Може да светне мала ЛЕД диода ако го поврзеш на joule thief :)
хехе па супер е и тоа, сигнална ЛЕД и нека свети, ке ја ставам некаде на планина и со години ке свети додека не прегори нешто :)
Го има направено некој ова?
-
Не се смејте! Од една ЛЕД се почнува,па натаму ;) ;D ;D
-
Да да, се сложувам ;). Почетоците се секогаш мали, но ако си упорен и ако сметаш дека има поента тоа што го правиш, може далеку да се стигне ;).
Експериментирајте, би требало да има некој позитивен исход :).
-
За на темава... имам само едно прашање до сите, дали барем некој има слушнато за законот за зачувување на енергија ? И барем некаде во некоја книга има прочитано нешто што се вика „закон на термодинамика“ ?
-
Види,овде се работи за принцип и размислување -дали би можело да се добие енергија на овој начин!? Знаеме дека се околу нас врие од електрични,микро,безжични и не знам какви бранови.Поентата е дали може нешто да се искористи од тоа,макар една ЛЕД да светне! Тоа е само принцип на размислување,а од тука можеби нешто и да се изроди.На линкот има повеќе проекти,добри-лоши .треба можеби да се пробаат и не се знае што и до каде може да се оди-поле отворено! 8)
-
За на темава... имам само едно прашање до сите, дали барем некој има слушнато за законот за зачувување на енергија ? И барем некаде во некоја книга има прочитано нешто што се вика „закон на термодинамика“ ?
Да, и како е се тоа поврзано со темава?
-
Точно- идеата е топ: беконечен простор-безконечна енергија, но чичко Ајнштајн рекол дека просторот и енергијата немаат никаква поврзаност, односно енергината е тесно врзана со масата. Сепак со развивање на вакви појдовни идеи, може далеку да се дотурка со некоја пософистицирана опрема...
Овде не станува збор за перпетуум мобиле или создавање енергија од нигде-никаде, станува збор само за претварање од еден вид едергија во друг, така да нема да прекрши ни еден закон, а најмалку термодинамичкиот...