Општа дискусија > Општа дискусија

Големата задача на Војаџер

(1/1)

DX-er:


Ова лето се навршија 35 години од лансирањето на вселенските летала Војаџер 1 и 2 и почетокот на нивниот пат во просторот. Познати примарно по податоците што ги носат за нашата планета, овие сонди станаа дел од модерната поп-култура, појавувајќи се како инспирација во многубројни научнофантастични книги, па и филмови од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, каде е прикажан "првиот контакт". Иако мисијата првично била ограничена на 5 години, и по 35 години сe уште примаме податоци од овие летала кои го напуштија Сончевиот систем, се наоѓаат во обвивката на хелиосферата и се на пат да се упатат во непознатото на меѓуѕвездениот простор. Со ова, по Пионир 10 и Пионир 11, станаа третото и четвртото летало конструирано од човек кое ја совладало гравитациската сила на Сонцето. Златни плочи на кои се дадени основните податоци за нашата планета и нејзините жители имало и на претходните мисии. Но, ниту една од овие "пораки во шише" не била подготвена со толкав ентузијазам и внимание што помогна во издигнувањето на Војаџер во сферата на легендите.

извор:
--- Code: ---https://emiter.com.mk/napis/11055
--- End code ---

DX-er:

Navigation

[0] Message Index

Go to full version