Аналогна електроника > Сè останато

Дискусија: Разлики од кондензатор до кондензатор во репродукција на звукот

(1/9) > >>

triology:
Сакам да поразговараме околу разликите кои што ги предизвикуваат различни брендови на кондензатори со иста вредност на ист проект,притоа што во некој ситуации има драстични разлики во резултатот-звукот.Па сакав да ве прашам на што се должи тоа?Што всушност се случува што прави разлики во крајниот резултат-звукот(репродукција)?Воедно истово прашање би важело и за потенциометрите и атенуаторите?

MAKEDONIA:
ZA KAKVI KONDENZATORI SE RABOTI ELEKTROLITSKI ILI OBICNI,OBICNO IMAAT RAZNITE KONDENZATORI POMALKU GUBITOCI A VO ZVUKOT OBICNO MALKU POZNATA VELIVINA E DEKA TIE TREPETAT I OBICNO TREBA DA SE ZALEPAT TVRDO ZA POSTOLJETO,TREBA PODOBRO DA GO POSTAVIS PRASANJETO

triology:
Мислев за самиот производ од нив т.е од ако го направиме истиот склоп со кинески кондензатори,а уште еден ист направиме со Wima кондензатори ќе се почувствува разлика во самата репродукција од тоj предзасилувач или засилувач.

GigaWatt:
Да дефинитивно ќе се почуствува разликата. Сум градел некои уреди со Кинески компоненти (вклучувајќи и кондензатори), разликата дефинитивно се слуша. Е сега, зависи од уво до уво, некој ќе чуе, некој не. Јас ја забележувам.

Но, ќе додадам дека не ја забележувам разликата помеѓу овие поквалитетниве кондензатори (WIMA, ROE) и оние ултра квалитетните (као демек „професионални“, кои и да се, ми спомнувале брендови и имам видено неколку кои се платени астрономски суми на пари, но мое лично мислење е дека не вредат толку колку што се платени). Поточен да бидам, има разлика во звукот, но е миимална и мене воопшто не ми пречи ;).

Инаку, цело време зборувам за блок кондензатори, ако станува збор за полупрофесионална или професионална опрема, електролитски кондензатори воопшто не доаѓаат во обзир, освен во исправувачка секција и за држење стабилен напон на краевите на операциските засилувачи, ништо повеќе од тоа. Значи, во никој случај да не поминува сигналот низ нив.

LordZi:
И јас сум со мислење како и GigaWatt, купи си (се мисли на нарачај од надвор ;)) поквалитетни блокови без да забегуваш во некои екстремности од типот на AudioNote или слични, со тоа што јас би гледал секогаш работниот напон да им е предимензиониран - посебно ако се работи за лампашки уред. Имам читано добри критики и за некои руски NOS блокови и paper in oil кондензатори, имам дома некои такви од 6,8uF и 10uF и ми се допаѓа како звучат и покрај тоа што не се NOS туку користени... ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version