Аналогна електроника > Осцилатори

Звучен осцилатор со пиезо

(1/3) > >>

batka:
Ова шема ја најдов и ми се виде интересна и пред се работи.Од висина на напон зависи колку јако ке работи.За појако и поголем напон може и некој БД.. пранзистор да ставите.Само пазете обратно да биде врзан на напојувањето - тогаш транзисторот осцилира и пиезото ги пренесува осцилациите.Ке ви се најде на многу места каде треба свирче.. ;D ;D

KiloVolt:
Да работи, и тоа е проверено од моја страна, само со мала модификација, паралелно со колекторот и емитерот на транзисторот, се става кондензатор после отпорникот, овој кондензатор се полни, а потоа и се празни од транзисторот, што дава пилест сигнал на излез (претпоставувам пиезото го заменува овој кондензатор за кој ви зборувам). Тоа е точно, но тоа што никој не го напоменува е дека транзисторот е многу ранлив на оваа конфигурација, т.е. по кратко време станува нефункционален.
Значи батка, можеме ние да си направиме свирче, но некогаш кога навистина би ни затребало, тоа нема да запали.. ;) Препорачувам измена на колово, и тоа наместо обратно поврзан BJT, да се користи некоја појака зенерка...  ;)

batka:
Или нешто погрешно врзуваш или не употребуваш соодветен транзистор.Не ти треба кондензатор воопшто,освен ако не ти е стабилизиран ( филтриран) напонот.Втора работа е каков пиезо користиш.За ова намена подобри се оние малите пиеза од некоја матична плоча.И трета работа - ова не е конструкција да ја оставиш со саати да работи! 8)

KiloVolt:
Прво, шемава работи така што транзисторот се однесува како зенер диода кога е поврзан обратно, на одреден напон проведува, е сега, пред транзисторот јас ставив кондензатор, па кога тој се полни и стигнува до тој одреден напон на транзисторот, транзисторот проведува и го празни кондензаторот, па циклусот се повторува. И за крај, една лед диода сериски со транзисторот за да се гледа сето тоа.
Јас мислам дека во овој случај пиезото се однесува како кондензатор со мал капацитет, што овозможува многу брзо полнење и празнење, но затоа што пиезото е еден вид на звучник, таа осцилација ја слушаме и како звук.

--- Quote ---Или нешто погрешно врзуваш или не употребуваш соодветен транзистор.
--- End quote ---
Беше точно поврзано и користев BC238 како во шемата, тој ми се најде при рака... ;)

--- Quote ---И трета работа - ова не е конструкција да ја оставиш со саати да работи!
--- End quote ---
Па батка, не ја оставив ни 10 минути да работи... ;) Како што кажав, со зенер диода се добиваат многу подобри резултати... ;)

batka:
Mе заинтригира твоето пишување и денес  направиш *штик* проба и верувај 25 минути работеше осцилаторот на 9V и не прекина.Не можев повеке да го тестирам бидејќи немав време. 8)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version