Дигитална електроника > Микроконтролери

PIC програматор (JDM)

(1/13) > >>

BorceBT:
Бидејќи долги години веќе го користам, овде ќе го претставам JDM програматорот за PIC фамилијата на микрокотролери кој ги поддржува (директно или со адаптер) скоро сите стари и нови PIC контролери.

Шемата е следна:



Плочката може да ја направите и сами бидејќи шемата воошто не е комплицирана а може уредот да го направите и на универзална плочка со поврзување. Сепак, ако имате можност да направите еве една можна плочка за овој уред:



Распоредот на елементите на плочката:



Конекторот означен со P2 на плочката е оригинално предвиден за адаптери но за тоа потоа.

Еден готов JDM програматор направен на универзална плоча со голем конектор за серискиот порт (DB25, вие најверојатно ќе користите мал DB9) е даден на следната фотографија:



За поврзување со COM портот (серискиот порт) на компјутерот ќе ви помогне следната слика (следете ги имињата на сигналите на шемата со имињата на сигналите нацртани тука:



Со ова засега можете да ги програмирате повеќето 18 пински PIC микроконтролери како што е PIC16F84 и 8 пинските како што се PIC12C508 / PIC12C509. Како додатен плус е тоа што можете да ги програмирате и 24Cxx 8 пински EEPROM мемории (декодирање на авто радија?).

Адаптерите за програмирање на другите видови на PIC микроконтролери следуваат во наредниот пост.

BorceBT:
Адаптерите на подолната слика се дизајнирани од мене и се за успешно програмирање на скоро сите видови на останати PIC микроконтролери кои доаѓаат во следниве куќишта:

DIL8 (PIC12F629 / PIC12F675 итн.);
DIL18 (PIC16F627 / PIC16F628 / PIC16F87 / PIC16F88 итн.);
DIL28 (PIC16F873 / PIC16F876 итн.);
DIL40 (PIC16F874 / PIC16F877 / 18Fxxx итн.).



Адаптерите најлесно се прават (освен на плочка) со користење на две DIL подножја, едното за подножјето што се наоѓа на самиот JDM програматор (лемите одозгора на пиновите) а другото за ставање на PIC микроконтролерот кој се програмира (лемите одоздола на пиновите).

Еве на следнава слика неколку домашно подготвени адаптери направени со залепени две подножја поврзани со жички и залиени со пластика:



Доколку ви треба адаптер за EEPROM мемории од типот 93Cxx (декодирање на авто радија, телевизори и слично) тогаш го користите следниот адаптер:



Пиновите на сликата одговараат со следните пинови од подножјето на JDM програматорот:

MCLR - 4
Vdd - 14
Gnd - 5
Clock - 13
Data - 12

Софтверот за програмирање и неговото подесување ќе следуваат во наредниот пост.

BorceBT:
Постојат повеќе софтвери за програмирање кои го поддржуваат JDM програматорот а најпопуларни два се ICProg и WinPic800. И двата се бесплатни.

Првиот можете да го симнете од овде:


--- Code: ---http://www.ic-prog.com/icprog106B.zip
--- End code ---

Вториот можете да го симнете од овде:


--- Code: ---http://www.winpic800.com//descargas/WinPic800.zip
--- End code ---

Начинот на работа со првиот (ICProg) ќе биде објаснет тука додека за начинот на работа со вториот (WinPic800) ќе мора да читате сами.

Пред да го стартувате ICProg пожелно е да го имате инсталирано специјалниот драјвер за сериски порт кој е направен за ICProg. Тој драјвер можете да го симнете од овде:


--- Code: ---http://www.ic-prog.com/icprog_driver.zip
--- End code ---

Фајлот icprog.sys го снимате во истиот фолдер каде што се наоѓа програмата ICProg.exe.

По стартувањето на програмата ви се појавува корисничкиот интерфејс кој би требало да е јасен:



Значи прво го подесувате хардверот:
Притискате F3 и во прозорецот избирате тип на програматор JDM, избирате Direct I/O интерфејс, сите чек боксови ги оставате празни (исклучени), избирате COM порт на кој ви е поврзан програматорот и подесувате I/O Delay. Овде е битно да се напомене дека I/O Delay помало од 3 не се препорачува, 5 би требало да работи на сите компјутери а ако не работи ќе пробате со 10. Засега оставете го на 5 а ако подоцна увидите дека работи и на 3 разликата е што ќе програмирате побрзо. Притискате ОК за да ги снимите промените.
Сега избирате Settings-->Options.
Во прозорецот го барате табот Misc и во него го избирате само чек боксот Enable NT/2000/XP Driver
Напомена дека ова е потребно доколку имате Windows NT, Windows 2000 или Windows XP. Доколку работите на Windows 98 (можеби компјутерот за програмирање на микроконтролери ви е постар) оваа опција оставете ја исклучена.

Со ова подесувањата се завршени. Исклучете ја и повторно вклучете ја програмата.

За да програмирате прво од листата избирате тип на микрокотролер (или EEPROM меморија доколку програмирате таква работа) и потоа со притискање на CTRL-O го избирате вашиот HEX фајл кој треба да го програмирате. Притискате F5 за да почне процесот на програмирање. Ако се е како што треба (правилно направен и поврзан JDM програматор, исправен микроконтролер, добро подесен програм, драјверот ставен и I/O Delay вредност пробана дека работи) тогаш би требало да добиете Verify Successful порака. Доколку Ви се случи грешка проверете се дали е во ред. Проблеми во програмирањето може да настанат при следниве работи:

1. Многу бавен компјутер или бавен сериски порт, пробајте зголемете го I/O Delay или дури пробајте Windows API наместо Direct I/O.
2. Серискиот порт на тој компјутер е многу слаб, пробајте на друг (пожелно постар) компјутер.
3. Користите сериски порт на лаптоп или користите USB to Serial конвертор. Која било од овие две комбинации нема да програмира воошто или ќе дава грешки при верификација.

Devil:
Ова е мојата идеа за програмирање на 93Cxx EEPROM мемории

najdo:
Го направив програматорот, но кога ке го поврзам со ПЦ на сериал прорт( со женско-женско ) кабел, одма почнуват да светат црвената и жолтата ЛЕД. На страната од кадешто е проектот пиши дека црвената е за напојување, жолтата за такт, а за зелената пиши Program. Ако го има некој направено склопот или некој шо можи да поможи, нека повели слободно.









Споено мислење: 17.12.2011, Saturday, 19:46:17До Администрацијата: Се извинувам, темата требаше да ја објавм во " Ваши Креации".

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version