Дигитална електроника > Микроконтролери

Jазици за програмирање на PIC мцу

(1/3) > >>

Georgi:
Дали некој има програмирано во некои од овие јазици: PIC Basic, PIC Pascal, PIC C? Ќе го замолам за помош. Како оди постапката? Во што се пишува програмата? Дали треба да се конвертира во некој друг фајл па подоцна во хексадецимален код (.HEX)? Software за конвертитање во .HEX код? И така натака... :D

BorceBT:
Вака: Значи за да го искористиш максимално потенцијалот на микроконтролерот најдобро е (препорачувам) да научиш да приграмираш директно во асемблер (не е тешко и наскоро ќе има туторијал овде на форумот). Меѓутоа ако сакаш може да се програмира и во други јазици наречени компајлери. Тие јазици или имаат свој едитор (наречен со едно име IDE) и од него се избира опцијата Compile или пак се пише програмата во Notepad како текст и се избира тој текст фајл (Open) во самиот софтвер (компајлерот) кој директно би требало (ако нема грешки) да изгенерира HEX код спремен за програмирање на микроконтролерот. Меѓутоа користењето на други јазици освен асемблер ја ограничува можноста точно да го знаете времето на извршување на одредени сегменти и команди во микроконтролерот и освен за помоќни микроконтролери кој би траело премногу долго да напишете програма во асемблер за малите микрокотролери можете да постигнете многу повеќе од мала програма во асемблер.

Georgi:
Добро, ќе го почекаме туторијалот. Во меѓувреме дали можи некој да ми најде копајлер за PIC Basic. Се отепав од барање не можам да најдам бесплатен. Бев заинтересиран за овие јазици бидејќи веќе две години учам PASCAL и C, ќе бидеше полесно на истите да програмирам.

WildSide_MKD:
Јас го имав истиот проблем во моите почетоци со микроуправувачите ,не спорам Assembler e Hardcore ,но доколку не се располага со соодветна меморија или е потребен брз извpшувачки циклус  (па разбирам да правиш оптимизација на кодот :) ) но со денешните микроуправувачи мислам дека е тоа Излишно. Доколку повеќе ти одат Structured programming јазици како на пример C, Pascal ... ти препорачувам да го користиш microC или mikroPascal компајлерот на "Микроелектроника" ,ова е мое мислење , за другото ти си знаеш :D Јас веќе 2 години го користам , не е многу време ,но сепак е искуство , го имам користено компајлерот со EasyPic4 i EasyPic5 ,и не сум имал никаков проблем барем за сега ...

Доколку не можеш да го најдеш компајлерот ,пиши па ќе се снајдеме (за microC можам да помогнам) :) !


Georgi:
Еве го снимав mikroC PRO ама треба да се лиценцира. Би те замоли ако имаш крак или код да ми пратиш. Дали со оваа програма може да се става диреконо .HEX кодот во програматорот? Дали може да го добијам само HEX  па потоа со некоја друга програма да го ставам? Почетник сум во оваа работа па би те замолил за повеќе помош. :) Позз...

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version