Аналогна електроника > Звучници

Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140

(1/5) > >>

batka:
Ова е една оригинална шема која беше развиена за нишкиве ХСР 140 и 160.Се покажа добра иако не знам зошто не заживеа.Има комерцијални причини за тоа.Значи,со тримерите од 10 к се подесува прагот на заштита на секој канал посебно: најосетлив е за високотонците,а најнеосетлив за басовите.Работи на принцип на каснење на вклучување  на звучниците на стартот, а ги штити од секаков вид транзиенти.Во принцип може са се штитат само среднотонецот и високотонецот,а басот да оставе ван заштита.Значи се подесува прагот за секој канал посебно во зависност од јачината на звукот кој сакаме да го слушаме.Прагот се одредува  со вртење на тримерот на секој канал посебно.Релето е 24 волтно со три контакти по мин.5А.а заштитата се прави за секој канал посебно!
Може да се вгради и во звучната кутија,само се потребни два посебни исправувачи и приклучок за 220В за секоја кутија посебно!

Jove:
А каква заштита е оваа објасними малце како функционира и така неможам да разберам како функционира ??? ???

batka:
ХСР-от има тросистемски звучници :ова регулација може да го штити звучникот од секој транзиент што би дошол на басот,средниот и високотонецот.Затоа зема сигнал од секој звучник посебно! Понатаму принципот е мерење на напон,склопот реагира и преку релеј го исклучува напојувањето.

Slayer:

--- Quote ---ХСР-от има тросистемски звучници
--- End quote ---
мене ми донесоа хср 160 со двосистемски звучници дали тоа значи дека не се оригинал ???

batka:
ХСР-от 140 и 160 имаа три и четири звучника во кутија и тоа : 140 беше со бас од 12 инчи + среднотонец (во своја кутија) и калотен високотонец од 1 инч.Басот беше солиден со два спајдера ( барем за тоа време и тие пари!). Кога излезе 160-ката имаше период кога кутиите беа со 12-ка,ама потоа ги заменија со две 8-ци ( по Филипс технологија) ,а средните и високите останаа.Секоја друга ХСР комбинација не е оригинална!!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version