Аналогна електроника > Инструменти

Гитарски ефекти

(1/3) > >>

batka:
Стандардни шеми за wah-wah за електрична гитара и параметричен еквилајзер за гитара или бас.Овие шеми се проверени во работа и ги препорачувам и за почетници.Жалам што немам печатени плочки.Параметричкиот еквилајзер е особено добар за бас гитара,проверете.



Bojan:
друже ке можеш ли те молам да ми објасниш што е тоа параметрички еквилајзер, дека првпат слушам за такво нешто... и како се користи. а за wah-wah користеше обичен потенциометар или некој посебен??? дека тој па ептен треба да се врти па мислам дека посебни потенциометри се за нив...

GigaWatt:
Може да користиш и обичен потенциометар, зависи како си го замислил дизајнот на папучата ;).

Bojan:
пред некое време барав шеми за дисторзија и најдов една страна за како да си направите самите дисторзија (вие да ја конструирате)


--- Code: ---http://www.generalguitargadgets.com/richardo/distortion/index.html
--- End code ---

и да не ве интересираат дисторзии би ви препорачал да ја прочитате дека има и многу други објаснети работи што се поврзани со аудио техника...

batka:
Параметричкиот еквилајзер ги зголемува или намалува фреквенциите во одреден опсег на звукот.Имате три опсега на фреквенции кои можете да ги регулирате(да ги издигнувате или потиснувате),и миксер со три потенциометри да ги сумирате овие фреквенции.Со тоа добивате добри ефекти.Ова шема се изработува најчесто со ЛМ324 или ТЛ074/84,а може и со ТЛ071(ЛМ741) ако некој поседува само такви кола.Уредот го има направено еден мој пријател,музичар од Велес,за бас гитара,а за напојување користеше две батерии од 9в.Немам изглед на плочка,ама мислам дека не е тешко да се направи.
За другиот ефект може да се користи педала со потенциометар од 100 к линиски ,а може да се направи систем за преклопување со ножен прекинувач и лизгач потенциометар.Калемот е стандарден примар од мрежно трансформаторче ,изваден од универзалните адаптери.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version