Аналогна електроника > Инструменти

Сензори за притисок на воздух

(1/4) > >>

stefimark:
Здраво почитувани членови!

Јас сум нова на форумов и не баш добро упатена во електрониката.
Правам истражување за докторски труд за изработка на електричен дувачки музички инструмент кој би работел со миди технологија.
Инструментот би сакала да содржи некаков сензор за воздух, т.е. притисок за воздух, преку кој инструментот би го симулирал акустичниот еквивалент.
Дали има некој на овој форум кој што изработува сензори и/или има знаење за сензорната технологија и малце слободно време за муабет?

 :)

ace1903:
Имам некое искуство со мерење притисок ама статички бидејки понекогаш работам со опрема за греење на природен гас и пропан бутан.
Претпоставувам ќе ти треба процесирање на брзи промени што е додатен проблем бидејки ќе ти треба засилувачи со големо засилување и широк фреквентен опсег.
Моја специјалност е софтвер за вгнездени системи, аналогна електроника и не баш.
Ти препорачувам да разгледаш некоја application note за мерење крвен притисок. Во дигиталните апарати имаш сенсор за притисок до 350мм живин столб мислам.
Има и некои постари научни трудови во кои покрај сензорот за притисок се користи и микрофон за да се уловат брзите промени.
Објасни накратко како го замислуваш инструментот со кои составни делови и можеби ќе пронајдеме област во која можеме да помогнеме.
Ако имаш потреба од некои сензори пиши овдe па ќе проверам што имам на лагер од некои почнати а незавршени проекти.
 

ace1903:

Пробав да го кодирам линкот според препораките ама такво копче не гледам така да админот слободно нека го избрише постов.
Инаку видеово води кон некои научни трудови на темеава и колку што разбрав притисокот на воздухот има занемарлива улога наспроти другите параметри.

dr-mr:
Линкови од видеа не мора да се кодираат.
https://elektronika.mk/index.php?topic=92.0

stefimark:

--- Quote from: ace1903 on 15.09.2021, Wednesday, 14:05:33 ---Имам некое искуство со мерење притисок ама статички бидејки понекогаш работам со опрема за греење на природен гас и пропан бутан.
Претпоставувам ќе ти треба процесирање на брзи промени што е додатен проблем бидејки ќе ти треба засилувачи со големо засилување и широк фреквентен опсег.
Моја специјалност е софтвер за вгнездени системи, аналогна електроника и не баш.
Ти препорачувам да разгледаш некоја application note за мерење крвен притисок. Во дигиталните апарати имаш сенсор за притисок до 350мм живин столб мислам.
Има и некои постари научни трудови во кои покрај сензорот за притисок се користи и микрофон за да се уловат брзите промени.
Објасни накратко како го замислуваш инструментот со кои составни делови и можеби ќе пронајдеме област во која можеме да помогнеме.
Ако имаш потреба од некои сензори пиши овдe па ќе проверам што имам на лагер од некои почнати а незавршени проекти.

--- End quote ---

Драг Аце, Ви благодарам на одговорот! Однапред Ви се извинувам што ќе Ви одговорам лаички на прашањата.
Мојата замисла е инструментот да користи миди технологија + сензори за регистрирање на притисок на воздух. Точно е дека ќе треба процесирање на брзи промени, но исто така би сакала и мидито да се активира само доколку сензорот регистрира воздух. Би сакала информацијата од сензорот и од мидито да се процесираат заедно и во исто време (т.е. да бидат синхронизирани).
Инструмент со слична технологија веќе постои, се вика EWI (electric wind instrument), кој што, според тоа што прочитав, работи со сензор за притисок на воздухот. Е сега, тој инструмент наликува на кларинетот или обоата во начинот на свирење. Мојата идеа е да биде со попречно свирење, како флејтата. Дали мислите дека ваков вид на изработка е возможен? Дали некаква мембрана би му помогнала на сензорот за реактивност?
Се надевам дека барем пола од ова ми беше разбирливо напишано. :) Секако доколку не е, ќе се доизјаснам.

п.с. се до овој момент, немав време да го погледнам видеото што сте ми го пратиле, но ќе го направам тоа утре. Уште еднаш Ви благодарам!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version