Дигитална електроника > Микроконтролери

Софтверски проблем со токи воки

(1/4) > >>

DX-er:
Дечки дали некој знае какви се овие микроконтролери "The microcontroller is an OTP (One Time Programmable)" што само еднаш може да се програмираат и никогаш повеке. Дали тоа значи дека на истите не може да им се оштети софтверот поради одредени причини како вирус или слично?

Имено се работи за The microcontroller is an OTP (One Time Programmable) кај токи воки кои се зезнати при софтверско меморирање на канали од страна на лош софтвер. Па си викав дали може да се оштети фирвмерот кај овој тип на микроконтролери OTP ?

dr-mr:
OTP (One Time Programmable) Микроконтролер може да се програмира/флешира само еднаш, доколку сакаш друг софтвер/фирмваре ќе треба друг/нов  чип да програмираш наново.
Колку што мене ми е познато OTP  чиповите користат повисок напон за програмирање (до 24в) прио програмирањето се при програмирањето се кинат одредени врски во чипот кој оневозможуваат понатамошна манипулација со фирмверот. Фирмверот во програмиран чип неможе да биде изменет,  избришан или оштетен од надвор со програматор или вирус. Може  чипот да биде оштетен а со тоа и софтверот.
Најчесто OTP  чиповите по барање на производителот на уредот се програмираат во фабриката.
Добро  програмиран OTP чип неможе потоа да се оштети со софтвер/вирус.
 При програмирање на чип може да се случат многу грешки/проблеми, доколку се работи за OTP чип и се случи грешка при програмирањето чипот завршува во канта.
Незнам за какви токи воки се работи и како се програмираат, колку што јас имам видено кога се уредот има OTP  чип  а и корисникот може нешто да програмира обично се 2 чипа OTP и некој дополнителен епром каде стојат податоците кои ги снима корисникот.

DX-er:
Фала ти dr-mr за убавото појаснување. Се работи за токи воки Baofeng BF888S кои работат на фрекфенции од 400 до 470MHz и снагата им е 2W. Топ играчки ама бркаат работа. Ги купив онака од кејф и да ги тестирам. Иначе првично ги програмирав со бесплатниот софтвер CHIRP и работеа супер но ете нешто ме излажа да симнам еден друг софтвер "888S PC Softvare" и од кога ги испрограмирав со него, почнаа да шуштат на сите канали, сквелчот отвараше како да има сигнал а сигнал нема, само шуштење а ако емитувам сигналот се слуша на само 150 метри што значи излезот не е активен. Потоа ги испрограмирав со добриот CHIRP софтвер и темплејт со канали кој ми го испрати пријател ама нажалост не успеав никако да ги поправам. Пак истите проблеми и за тоа се посомневав да не е оштетен фирвмерот ама не е тоа. Само што ги купив и ми се одмилија. Некои луѓе ми викаа да им направам фабрички ресет и така ке се сределе ама никако не успеав да најдам начин како да го направам тој фабрички ресет.

dr-mr:
Не сум си играл со радио станици, незнам како се програмираат/ресетираат.
Пробај да направиш ресет преку соифтверот за програмирање (CHIRP) или да  го реинсталираш оригиналниот софтвер.
Нешто што најдов на темата.

--- Code: ---https://www.miklor.com/BF888/888-Rec-BF888S.php
--- End code ---

GigaWatt:

--- Quote from: dr-mr on 27.05.2021, Thursday, 20:21:39 ---Колку што мене ми е познато OTP  чиповите користат повисок напон за програмирање (до 24в) прио програмирањето се при програмирањето се кинат одредени врски во чипот кој оневозможуваат понатамошна манипулација со фирмверот. Фирмверот во програмиран чип неможе да биде изменет,  избришан или оштетен од надвор со програматор или вирус. Може  чипот да биде оштетен а со тоа и софтверот.
--- End quote ---

Да, ова беше вака, ама за постари OTP чипови. Сега, практично исти се со класични EEPROM-и/FLASH-ови, со тоа што се манипулираат определени регистри во чипот за да се забрани пиши/бриши да се прави... јас барем вака знам.


--- Quote from: dr-mr on 27.05.2021, Thursday, 20:21:39 ---Добро  програмиран OTP чип неможе потоа да се оштети со софтвер/вирус.
--- End quote ---

Ммммм... дискутабилно... но во секој случај, да, добро наведе „добро испрограмиран“... под овој услов, да, најверојатно не ;).


@DX-er: Баш Google-ав... изгледа сите кои имаат флешувано со тој софтвер опасно се имаат зезнато... си пробал dump да бараш од OTP чипот?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version