Дигитална електроника > Микроконтролери

Проблем со LCD 162B-D дисплеј

(1/1)

spiritos:
Друштво здраво,
Имам проблем со иницијализација на 16х2 дисплеј. На сервис пред некој ден дојде елекро опрема за контролирање на тотем на бензинска станица, со два рачни програматори. Едниот е целосно функционен на другиот кој е скрос идентичен во се беше скинат кабелот со кој се врши конектирање. Користи 12 пина од ,DB25 конектор. Кабелот беше заменет и оттогаш неможам да го инициализирам дисплејот. Покажува еден ред црни квадрати.Пробани се сите варијанти со врзување на потенциометар на пин 3, со заземјување но никако да профункционира. Дали има некој идеја каде би бил проблемот. Напоните се во ред, пробано е и со друг дисплеј. сменети се диодите на тастатурата за програмирање(тастатурата не е сменета). Во прилог слика од програматорот


Zan:
Дисплеиве не работат со долги кабли. Пробај со краток кабел, максимум 20-30цм и види што ќе се случува.

spiritos:
Пробано со пократок кабел, го правеше истиот проблем. Денеска го решив проблемот. Ставив 2к2 отпорник на пин 3 и пин 6.

bkupev@gmail.com:
За добра стабилност најдобро е да се постават отпорници 1-5к помеѓу секој влезен пин и маса и кондензатор од 10-10pF паралелно на отпорниците.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version