Аналогна електроника > Инструменти

Sustainer за жичани инструменти

(1/2) > >>

KiloVolt:
Почнувам со градба на sustainer ефект за бас гитара, па ме интересира дали некој досега има изработено и некој совет пред да започнам со изработка?
Принципот на работа е следниот, првичното движење на жицата генерира напон со истата фреквенција во магнетниот пикап. Тој напон оди на излез од инструментот, но и на влез на засилувач кој контролира електромагнет кој е блиску до самата жица, и така ствара фидбек на самата резонантна фреквенција на жицата, а со тоа жицата продолжува да осцилира до бескрај. Тоа во теорија, а за праксата малку подоцна кога ќе почнам експериментално да го изведувам нештото.
------
Еве неколку примери како тоа изгледа:


LordZi:
Интересно, ќе ја пратам темата... ;)

KiloVolt:
Што ми е целта:
-Поединечен sustain за секоја жица, не сакам да ми се мешаат фреквенции.
-Исто така да имам и поединечен излез од секој од 4те пикапи преку еден кабел, кој ќе оди во една разводна кутија каде што ќе бидат сместени сите конектори и -фантом линеарно напојување, со цел да нема шумови, но сепак доволно моќно да биде доволно за 4те драјв магнети истовремено. Ова не би требало да е над 200mA вкупно.
Бидеќи сакам и да можам да ги снимам поединечните излези, сакам да има солидно добар тон од нив, што значи премногу навивки не идат во обзир бидеќи големата индуктивност ги редуцира високите фреквенции што му помагаат на басот да се истакнува, а веќе свирам бас без прагови со flatwound жици, што значи тонот веќе од почеток е малку туп, не сакам да го деградирам повеќе.

Тоа значи 4 посебни пикапи за секоја жица, и 4 посебни електромагнети. Ми требаат премногу навивки за ова, па мислам дека шпулни од релеи би завршиле работа без премногу да се замарам.

Деновиве ќе појдам во логинг и ќе земам по 2 од најефтините релеи за 12, 24 и 48 волти, па ќе видиме дали и кои имаат најдобри шпулни за пикап и за драјв на самите жици.
Финалниот дизајн на 1 или 2 пикапи би го залил во епоксид од практични причини. Утре ќе направам некои скици како сето би изгледало.

EDIT #1

Идејата за поединечни пикапи е земена од ROLAND GK-3 гитара-MIDI конвертор, а идејата за релеи како пикапи е земена од овде:

didy:
предлог за шпулни се релиња(кочници) од програматор од старите перални солидно се изрботени слиено во пластика.
па пробај.

milika:
Мнoгу среќa сo прoектoв брaвo. Сепaк се трудите се рaзбирa кoлку и времетo ви дoзвoлувa зa oвa е прашање.Нo сепак зa се вo живитoт се нaoѓa некoј сooднoс. :) ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version