Електронски уреди > Аудио опрема

Проблем со радио Iskra Kranj EI Ideal IC 5

(1/3) > >>

iskrakranj:
здраво другари.незнам дали е ова правото место за оваа тема.имам стар радио со грамофон искра кранј еи идеал иц 5.грамофонот работи супер но неми фаќа станици.радиото е старо не дека ке слушам радио туку така ми е чисто од мерак да си работи.е сега он има на него 4 пипки за станици значи GR/MR         ST           KT               UKT.радиото ко ќе уклучам на станици, тоа само шушти по малку и многу полека иако е пуштено до крај.барав мајстори кај мене по мојот крај ама никој неке да прави нешто вакво старо.сега приметив дека назад има оставено за антена но незнам каде да ја ставам.приметив дека еден германиумски транзистор је исто одлемен.и има една жица која од од внатрената шашија на радото оди на капациторот и е одлемена.многу знаење за ова немам.нешто од алат ко лемалица и мултиметар имам.така да сега ке ви пуштам линкови каде ги има сликите ке ми биде мило ако ги зирнете и се надевам дек со ваша помош дечки ке го средам.исто ја имам и шемата у пдф.поздрав и очекувам одговор.и видов дека феритната антена што е исто е размотана али она секако не врши работа пошто оно је фм а он би требало да работи на укт мислам.



























GigaWatt:
Друже, ова е толку кородирано и полно со што се не, што не верувам дека ќе успееш да го оправиш. Прво треба секоја плоча посебно да се измие (исплакне со алкохол, за што ќе ти требаат едно 3, 4 шишиња 96, 97% алкохол), да се провери кои електролити се суви и да се заменат (за ова ќе ти треба ESR метар, а не верувам дека имаш еден на располагање), да се прелемат ладните лемови, да се исчитат контактите на преклопниците и прекинувачите (тоа практично значи дека треба да ги расклопиш), па тек тогаш, ако нешто не работи, да се гледа каде е проблемот.

Да било чувано на суво и да било барем еднаш зачистено... ајде, да, би рекол дека вреди да се работи на него. Но гледајќи го во која состојба е, јас лично не би се замарал. Како сакаш, но мислам дека нема поента.

iskrakranj:
Добро а некој мајстор да ми кажеш пошто неможам да најдам у мојот крај нема уопште несе замарат а ова доста сложено ко што велиш, кажи некој ако знаеш нило от каде па и ти ако се пазариме

dr-mr:
Со соодветна мотивација секој сервисер би се замарал.
Доколку за тебе тоа радио вреди една просечна месечна плата, јас мислам дека би нашол мотивиран сервисер да работи на радиото.

Можеш сам да почнеш да го средуваш, прво да заличи на радио а не на кокошарник. Доколку знаеш можеш да ги замениш физички оштетените елементи, јас би ги заменил и сите електролитски и сите променливи кондензатори (како што видов сите имаат рѓа)освен тој за бирање станици.
Потоа полесно и поефтино ќе најдеш сервисер.

GigaWatt:
Зависи колку пари сакаш да фрлиш...

Ај вака, само за поедноставно да ти претставам што бараш. Еднаш, ми донесоа мини системче од сендвичара на сервис... не фаќало радио ::). Тоа беше најмал проблем со системчето, но ајде, само тоа им требаше да работи. Внатре... ужас! Не се опишува што се имаше, од мртви лебарки и бубашваби залепени за лој и масло, до нивни јајца (си направиле гнездо изгледа ::)), прашина и сусам залепено за сето тоа... буквално се беше кородирано. Го затворив и им реков дека треба две мои месечни плати да ме платат за да ме натераат под разно да разгледам да го поправам. Си го земаа и тоа беше тоа. Дали потоа некој го направил, не знам.

Притоа, ќе напоменам дека имам прилично јак желудник, не се гадам од се и сешто, баш напротив често знам да кажам „по*ери ми се на маса сред јадење, не ми пречи“ за да потеницирам дека скоро и да нема нешто што ќе ме згади.

Поентата ми е, ако сакаш да фрлиш доволно голема сума на пари за некој да го среди, да, ќе најдеш јунак, не е дека нема најдеш, дури и локално кај тебе. Еве, предложи му на некој од сервисерите што те одбил „Друже, за 500 евра, ќе го средиш?“, бидејќи разбери, ова е макотрпна работа и за времето кое ќе го потроши на ова радио, он ќе направи 10 други работи за кои од секое од нив ќе земе по 2000, 3000 денари, така да... само тоа е прашањето, колку пари си спремен да фрлиш. Скоро се можеш да купиш за пари ;).

Ако јавно не сакаш да пишеш колку би дал, пиши ми приватна порака, ќе пренесам по луѓе што мислам дека би прифатиле ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version