Дигитална електроника > Микроконтролери

CH341A Programmer

(1/18) > >>

GigaWatt:
Го купив овој програматор од ebay бидејќи ми требаше програматор за 25 Flash сериите на EEPROM-и, а за да го подесиш PICkit 2 да може да програмира и вакви EEPROM-и, треба сам да го дефинираш протоколот за комуникација PC-->PICkit 2-->EEPROM, да видиш кој е chip ID, евентуално fuse bits, распоред по блокови... многу комплицирано беше. Најдов и една алатка која го олеснуваше додавањето на нови чипови во програматорот на PICkit 2 (XML based е фајлот од PICkit 2 кој ги чита информациите за протоколите за програмирање на EEPROM-ите и останатите серии на PIC микроконтролери кои по default немаат поддшрка од PICkit 2), ама немав трпение и тоа да го правам, кога ќе ми текнеше дека за секој различен производител на EEPROM-и ќе треба да менувам chip ID, и уште некои други параметри, па згора на тоа, ако ми се погоди некој лев производител од кој не можам да најдам datasheet за EEPROM-от... иди па снајди се ::).

Инаку станува збор за овој програматор ;).



Стигна баш вака како што е на сликата, со додатната плочка за SMD EERPOM-и. Инаку, моментално, најниската цена на ebay со free shipping му е 1.99 (2) долари ;). За мене лично, ова е џабелеску во однос на тоа што го има на него и кои опции ги нуди ;). Оној јас што го нарачав, беше малку поскап, 2.7 долари или тука некаде. Еве и линк.


--- Code: ---http://www.ebay.com/itm/263009571923
--- End code ---

Овој се разликува од оној кој јас го нарачав, овој е „као демек“ gold plated, тантара пантара ::)... фала за Кинеско злато, не ми треба, ако може без злато, подобро би било ;D. Без разлика, тоа е тоа што ви треба ;). Пакувањето се разликува (плочка, боја, димензии), ама истиот уред е ;).

Разгледував секакви програматори, од најевтини до најскапи... овој, барем во моментот кога ми требаше, ми ги задоволуваше барањата. Ги програмира сите 8 пински серии на 24/25/26 (имало и 26 ???, кој да знае ;D) EEPROM-и, од класични до flash. Софтверот за програмирање е многу лесен за работа. Бираш производител, бираш EEPROM, и толку. Копираш, програмираш содржина, може и да верифицираш по читање или запишување (binary compare), има и класичен hex едитор, Chip Search (корисно ;)) и Chip Detect (не работи баш како што треба :S)... во принцип, се што би требало да има еден програматор за EEPROM-и ;).

Еве и слика од софтверот.



Програматорот го користи CH341A, кој е всушност LPT/COM-To-USB Converter чип (hence the name ;)), така да, како и секој USB уред, кој не спаѓа во класата на USB Flash Memory, мора да инсталирате драјвери за да работи. За среќа, има драјвери за x86 и x64 оперативни системи, а се фаќаат на сите верзии на Windows, од XP па наваму. Го пробав на WinXP x86, Win7 x86/x64 и Win8.1 x86/x64, работи без проблем, а ако работи на Win8.1 без проблем, од искуство, би требало да работи и на Win10 без проблем ;). Драјверот се инсталира преку Device Manager (нема автоматизирана инсталација, а и подобро што нема, откако еднаш ќе се инстлира, си стои во Driver Store) и потоа го јавува или како Interface Device (LPT/EPP) или како дополнителен COM порт, во зависност од тоа како ќе се постави jumper-от P/S (Parallel или Serial Emulation, дали да емулира паралелен или сериски порт). Имам пробано да го користам и во двата мода, ама не знам зошто, софтверот не детектира дека е приклучен програматорот кога работи во Serial мод (некој bug најверојатно... а можно е и да е некое подесување, можеби не сум го расчепкал доволно софтверот), така да, го оставив да работи во Parallel (LPT/EPP) мод. И онака не ми е гајле како работи се додека работи ;D.

Мала мана е тоа што доколку смените USB порт на кој го приклучувате програматорот, драјверот пак се инсталира (сам, се разбира, веќе стори во Driver Store ако еднаш го имате инсталирано) и тоа одзема малку време (малку лош дизајн на драјверот, изгледа се врзува за USB порт). Ама па секогаш може да го испоштракате на сите USB порти на PC-то на кое планирате да го користите и да се инсталира на сите USB порти и решен проблем ;D.

Однос цена/квалитет... no comment. Одлично сработено, плочката е одлично залемена (барем на оној кој мене ми стигна), не бараше прелемување или нешто слично, се работи како што треба out of the box... одлична Кинеска направија ;) 8).

Софтверот, за жал, не можам да го споделам јавно бидејќи е пиратски. Изгледа некој Кинез ја има направено оригиналната верзија од овој програматор (бидејќи има опција интерфејсот да биде и на Кинески), а нели, Кинези како Кинези ::), прават копија од се, па и од нивните ::) ;D, и направиле копија и од ова 8). Пишете ми приватна порака или mail (го имам ставено на профилот) ако сакате да ви го пратам ;).

ПС: Не ги следете ознаките за поставување на чиповите на 16 пинскиот ZIF Socket од софтверот, обратни се од ознаките на програматорот ;D. Барем на мојот беше така. Дури и да ја поставите обратно меморијата, најверојатно нема да ја изгорите, ама за секој случај, следете ги ознаките за поставување на чиповите на програматорот, не на софтверот (онаа сликичкана долу лево на главниот прозорец од софтверот... епа не треба така, обратно од тоа треба ;D). Истото важи и за SMD верзиите на EEPROM-ите, следете ги ознаките на програматорот.

krema:
@GigaWatt

 ти пратив меил, ама за жал ми се врати назад, дали е актуелна твојата меил адреса што ти е наведена во профил!?

GigaWatt:
Да, активен ми е, редовно го користам... всушност, само тој mail редовно го проверувам (имам и други)... не знам зошто ти вратил назад daemon-от ???.

Пиши ми го твојот mail ако не во PM и ќе пробам јас да ти пратам ;).

GigaWatt:
Си купив и ваква штипка ;).




--- Code: ---http://www.ebay.com/itm/182400513120
--- End code ---

Баш ја пробав, одлично си функционира, одлично се стега околу чипот. Супер се покажа, исчитав еден BIOS onboard (без одлемување) и пак го запишав, немаше никаков проблем ;).

LordZi:
Корисна работа, јас си направив вакви од PCI конектори од стара матична... ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version