Дигитална електроника > Микроконтролери

PIC16F628A - избришана меморија од радио сигнал

(1/3) > >>

DX-er:
Пред некој ден имав чудно искуство кое сега ке го споделам со сите. Имам еден дигитален часовник кој покажува и температура. Истиот користи дигитален сензор DS18B20 кој што е со кратко кабелче надвор за да мери надворешна температура. Мозокот на овој часовник/датум/термометар е PIC16F628 кој го имам испрограмирано уште во 2011 година и си работеше одлично.

Бидејки се занимавам со радио комуникации, пробав да остварам радио врска (на 28MHz со некаде 25W SSB модулација) со мој пријател радио оператор. Антената на радио станицата поминуваше на 1m од термо-сензорот, можеби и тоа беше и проблемот. После разговорот кој траеше подолго време, сакав да видам колку е саат. Имаше што да видам, на LED дисплеите имаше нешто без врска што не наликуваше на саат или на нешто што се движи. Значи стоеше цело време нешто без врска, што би рекол искршени бројки :) до душа не беа ни бројки. Одма знаев дека проблемот е до пикот, нема друго што да биде. Го извадив и го ре-програмирав и ете го пак си работи нормално.

Друго нешто што приметив е дека и Wi-Fi конекцијата по дома се губеше во моментите кога емитував.

Дали ЕМ полето прави пречки или пак фрекфенцијата од 28,3MHz резонира со работната фрекфенција на микроконтролеот и со Wi-Fi клиентот ?

Z33RTF:
Тој сигнал што ќе излези од 28MHz нема шанса да е се појави како хармоник на 2.4GHz. Да тој теоретски можи да се појави ама ќе е толку слаб шо нема да можи ништо да напрај. Инаку со пикот можно е заради не добри коаксиални кабли , не добро заземјување , не добра заштита од ВФ зрачење можи и многу други работи.  :)

i_ivica:
Има големи шанси ЕМ поле да предизвика ЕМ интерференција со кабелчето од сензорот, и истата да се пренесе на самата плочка. Во овој случај кабелчето игра улога на антена. Само не ми се верува дека би ја избришало и меморијата. Можеби ќе е било доволно само да го ресетираш микроконтролерот. Инаку ЕМИ може да предизвика и оштетување на електрониката.

А проблемот со WiFi конекцијата исто може да настане од ЕМИ, при што РФ зрачење не мора да биде на 2.4GHz, или во овој случај да биде хармоник од тој ред. И 28.3MHz се сосема доволни да направат пречки и кај WiFi-то.

DX-er:

--- Quote from: i_ivica on 28.03.2017, Tuesday, 01:16:57 ---Можеби ќе е било доволно само да го ресетираш микроконтролерот. Инаку ЕМИ може да предизвика и оштетување на електрониката.

--- End quote ---
Фала ти Ивица за одговорот. Сакам да те прашам, за рестартирање на микроконтролерот мислиш на исклучи/уклучи во струја или преку некој од пиновите на микроконтролерот? Јас неколку пати го исклучив и уклучив склопот но не сакаше да работи.

Многу ме интересира и следново, ЕМИ полето дали може да ја оштети и електрониката која не е под напон и е исклучена или само електрониката која е под напон во тој момент?

i_ivica:
Да, доколку немаш извадено ресет од микроконтролерот на некој тастер, директно исклучување и вклучување на напојувањето ќе го ресетира. Понекогаш ресет преку пиновите не помага, па мора со напојувањето, тоа е најсигурно  :) . Е сега чудно ми е како е успеала да се избрише програмата. Сум имал слични проблеми, ама никогаш ми се нема избришано програма од флеш меморијата на микроконтролерот.

Инаку околу оштетувањето на електрониката, колку што сум информиран, се мисли на електронските компоненти во почетокот кога почнала да се развива дигиталната електроника. Тогаш почнале да се јавуват многу проблеми со електромагнетната интерференција, па биле принудени да обратат внимание на дизајнот на компонентите и печатените плочки. Се сеќавам, порано кога купував CMOS интегрирани кола ми ги даваа во алуминиумска фолија. Денес се повеќе имуни на електростатско празнење.
Е сега дали може да се оштети кога е исклучена електрониката, немам размислувано  :). Претпоставувам дека би можела при доволно јако ЕМ поле.

Поентата ми беше дека при дизајнирањето на електронски уреди, потребно е да се обрати внимание и на електромагнетната компатибилност (EMC), што всушност претставува имуност на уредот на ЕМИ.
А и твојот пример е многу добар показател.
Затоа при дизајнирање на PCB, не треба да се размислува за помалку од 4 слоја на плочката, каде што еден цел слој е GND, а друг POWER. Останатите два сигнални слоеви.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version