Аналогна електроника > Осцилатори

Растерувач на кучиња

(1/3) > >>

batka:
Се повеќе слушаме за кучиња-скитници кои се шетаат и во строгите центри на градовите и напаѓаат минувачи.Е,па имаше скоро кај мене еден таков случај - и бабата и детето се исплашија прилично.Човекот  ,чие дете  беше нападнато ми даде идеја да направам уред за растерување кучиња со ултразвук ,нешто како привезок за кучиња,со батерија внатре ,која дете или стар човек би го носел со себе за одбрана од вакви  ѕверки.Е сега кога барав шема,некако наједноставна ми дојде ова шема која е предложена долу само дадената монтажна шема некако не ми е точна ( ако некој ја прави според неа нека си ја провери).Јас ке ја правам на универзална плочка и ке ви ставам и некоја слика и секако искуство.Значи NE 555 + piezzo+ нешто ситни делови.Со тастер го активирате осцилаторот над 30 Кхз ,а пиезот дава звук кој ги брка кучињата(им смета!).Е сега прво пробајте на некое мирно куче и вртете го тастерот додека ја погодите правата фреквенција или ако не бива - бегајте побрзо! ;D
Трафото мотајте го на феритно стапче долго 2-3 см и со промер 3-4 милиметри.Не е многу критично.Примарот 63 намотки лак жица 0,25мм,а секундар 15 намотки жица иста димензија.

najdo:
Би ти биле благодарни доколку ни кажиш дали работи или не, нормално откако ке го пробаш  :)

nsu:
Ах бре луѓе до што ја доведовте работава батка постираше обичен осцилатор што генерира фреквенција од прилика не ме држете за збор 23 или 22 килохерци а може и до кај 30 килохерци.Кучето е најоседливо на 28 килохерци и почнува да се плаши ова го гледав на една емисија.

nsu:
Кучето  е најосетливо на ултразвук во првата декада спаѓа значи може да издржи фреквенции до отприлика 24 килохерци а потоа се плаши.Во емитер го пишуваше ова во бројот девет 2013 година растерувач на кучиња.Слична шема како на батка само кај хорната имаше ТДА2030 како за побуда и вадеше неколку вати значи доста јако ја имам шемата затоа зборам.Има на шемата потенциометар на кој се штелуваше осцилирањето и дури викаа авторите пазете како го нагодувате овој уред пошто ако го ставите потенциометарот до крај ќе направите фреквенции преку 30 килохерци и кучето ќе умре.Тоа се болки за него многу високи фреквенции му биле се плашело.Истотака и мачките тие може да издржат до 50 килохерци.А лиљаците се најотпорни.Тие комуницираат со ултразвук.Но во емитер неможам да се сетам кој број сега беше имаше и бркач на лиљаци.Осцилаторот генерираше високитонови и се користеше специјален звучник.
--- Code: ---http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2076.0
--- End code ---
Еве Скулс убаво кажал он е практичар ии мене ми се има десено истово.Ете за што служи ова.Не за бркање инкасатори. 8).Внимателно со ова оваа шема од батка не е опасна за кучето но имам видено појаки осцилатори.Важно е ако отиде над 30 килохерци тоа е смрт за кучињата.Во емитер на шемата фреквенцијата се одредуваше според равенката.f=1/R1*C1.И за кучиња е најдобро ако добиете 28 килохерци.Така вика авторот.Значи требаше да се пази на вредностите на отпорникот и кондензаторот за само да се бркаат кучињата.А не да претераш.Сите кој ги прават овие осцилатори го знаат ова и се придржуват до тоа. ;)

ZAPCE:
Јас само можам да ви потврдам дека овие апарати ги има.Јас имав купено од Београд за куче и кога ќе го притиснеш тастерот кучето бега како лудо,ама не се дешава исто со сите кучиња кај некои реагира кај некои не.ако го најдам апаратот ќе ви пооставам слики од шемата и штампата.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version